|
|
|
Одметник: LaFerrari леташе со 343 km/h?!Навистина е голема штета што Ferrari не сакаше да влезе во дуел со други два хиперспортски автомобили, бидејќи перформансите на неговиот LaFerrari се фантастични!
Италијанскиот хиперавтомобил се најде на аеродромска писта каде оствари неверојатна максимална брзина од 343 km/h. Навистина ова е вистинска штета што Ferrari не сакаше да учествува во „Пресметка на соништата“, каде еден покрај друг на една патека ќе се најдеа Porsche 918 Spyder, McLaren P1 и други ултра спортски автомобили.
Инаку LaFerrari е вториот автомобил во историјата на италијанската компанија, а прв во последните 40 години, чиј дизајн не го потпишува Pininfarina!
Од 1951 година до денеска, само два автомобила не ги дизајнирал Pininfarina. Првиот модел е Dino 308 GT4 од 1973, кој го потпишува Bertone, а другиот, како што веќе нагласивме, LaFerrari, е дело на сопствениот тим на италијанската компанија. Според некои информации La Ferrari би требало да биде првата ракета со оглед на стандардната изведба, забрзува до 100км/час за помалку од 3 секунди и достигнува максимална брзина од 350км/ч.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Мујо му раскажува па Суљо: "Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
|
|
|
|