Иднината стигна: Претставен летачки автомобил!

На „Pioneers“ фестивал во Виена словачката фирма AeroMobil претстави возило за кое сите мечтаеја уште од кога погледнале некој научно-футуристички филм – летачки автомобил.

Иако беше претходно најавен и официјално беше откриен најновиот летачки автомобил од малата словачка фирма и претставува трета генерација на футуристички модел на кој оваа фирма работи во последните 25 години.

- Веруваме дека личниот превоз ќе биде засекогаш променет, рече претседателот на фирмата Јурај Ваклик на конференцијата на новинари. Мислиме дека време е личниот превоз да стане поемоционален и поличен.

Летачкиот автомобил го дизајнирал Стефан Клеин, основач и претседател на Заводот за дизајн на транспортни средства на Академијата за уметност во Словачка, а првите нацрти за ова возило ги претставил уште во 1989-та година

Ова е комбинација на карактеристиките на супер автомобил и лесен спортски авион. Ова возило може да се паркира на кое и да е паркиралиште, горивото може да го наточи на секоја бензинска пумпа, целосно е прилагоден на патниот сообраќајот, а како авион може да полета и да слета на кој и да е аеродром во светот.

Максималната брзина му е 200 km/h во воздух и 160 km/h на пат. Со полн резервоар и потрошувачка од 15 литри во воздух и 9 литри на пат, AeroMobil 3.0 има автономија од 700, односно 875 километри.

За сега цената се уште не е соопштена, па останува да почекаме да видиме колку ќе чини ова интересно возило, со кое можете сами да патувате каде сакате, без да мора да чекате авион.

Фестивалот Pioneers Festival секоја година привлекува илјадници посетители, а годинава се одржа во виенски Хофбург.

За сега како целна група се одбрани пазарите во развој во кои нема многу инфраструктура како патишта, автопати и аеродроми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...