Покажување мускули: Како изгледаат новите BMW - X5 и X6?

BMW официјално ја претстави новата генерација на моделите X5 M и X6 M, кои се полесни, посилни и секако побрзи во однос на своите претходници.



Пред неколку дена, BMW со видео ја најави новата генерација M верзија на SUV моделите од т.н. популарна X гама на возила, која официјално ќе дебитира на авто-саемот во Лос Анџелес, а сега сме во можност по пат на фотографии да видиме како изгледа новиот X5 M и неговиот најблизок „роднина“, X6 M!

Двата автомобила ги движи идентичен, 4,4-литарски V8 twin-turbo агрегат, кој ослободува 575 коњски сили, а благодарение на модификациите на системот на воздух, моторот кај „X“ моделот поседува нешто поголем вртежен момент од 750 Nm.

Во комбинација со споменатиот агрегат функционира и осмостепен автоматски менувач со Stop/Start режим на работа и рекуперација на енергијата при кочење.

Новата генерација X5 M и X6 M е полесна во однос на своите претходници и тоа за околу 30 килограми, а со вкупна маса од 2275 односно 2265 килограми, X5 M и X6 М до стотка сега стигаат за 0,3 секунди побрзо, значи за 4,3 секунди. Максималната брзина и понатаму е ограничена на 250 km/h, но на сопствениците им е понудено и отстранување на ограничувањето на оваа брзина и поставување на лимитот на 280 km/h.

Исто така, на потенцијалните купувачи им е понудено да бираат помеѓу огромните, сериски 20-инчни тркала 285/40 R20 напред, односно 325/35 R20 од зад, но и оционалните од 21 инчи. Според неофицијалните податоци, за време на тестирањето на патеката Nurburgring, овие автомобили успеале да остварат сила од дури 1,2 G при вртење, за што секако допринесуваат и споменатите пневматици со огромни димензии.

Според тврдењата на BMW, X6 M на германската легендарна патека е брз колку и M3 E92, што значи дека патеката ја извозува за 8 минути и пет секунди, што е скоро за 10 секунди побрзо од Range Rover Sport SVR кој во моментов е „рекордер“ на Nurburgring Nordschleife патеката во оваа класа со официјалните мерења.

Цената на овие автомобили изнесува околу 114.000 евра за X5, додека X6 M e нешто поскап, со цена од околу 118.000 евра во зависност од државите во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...