Осум необични трикови за чистење на автомобилот

Ви претставуваме неколку предлози како да го одржувате вашиот автомобил и со тоа на многу брз и лесен начин да го исчистите својот метален љубимец.

Чистењето на автомобилот не е најинтересната работа, бидејќи вашиот метален љубимец брзо ќе се извалка веднаш по излегувањето на улица. Повторното чистење бара одвојување на време и пари, како и изложување на разни хемикалии. Сепак, одредени техники вам ќе ви помогнат малку да ги намалите трошоците за вашиот автомобил да остане подолго чист.

Ви претставуваме осум необични трикови на брз, евтин и едноставен начин да го исчистите вашиот автомобил.

Регенератор за коса

Исчистете го својот автомобил со регенератор за коса кој во себе содржи ланолин. Вашиот автомобил ќе изгледа како само што да сте го исчистиле со восок.

Кока кола

По обличните врнежи, стаклата на автомобилот, а најчесто шофершајбната, е валкана од прашина. Стаклото полијте го со кока кола, но водете сметка околу стаклата да го заштите автомобилот со стара крпа или пешкир. Содата од сокот ќе ја отстрани нечистотијата, па дури и онаа најтврдокорната. Потоа, стаклата исчистете ги со чиста вода.

Вотка

Кога ќе ви се потроши течноста за бришачите, направете ја следната комбинација: во шише истурете три чаши вотка (најевтината која можете да ја најдете), четири чаши вода и две лажици течност за садови. Затворете го шишето, добро изматете и потоа сипете го во автомобилот.

Течност за чистење сталка

Искористете ја течноста за чистење на стакла со цел да ги измиете предните светла.

Влажни марамчиња

За брзо чистење на стаклата на вашиот автомобил употребете обични влажни марамчиња. Нив можете да ги користите и за чистење на контролната табла.

Хигиенски влошки

Ако ви снема течност за стакла, употребете хигиенски влошки. Силно притиснете и добро истријте го предното и задното стакло. Ќе бидете воодушевени со резултатот.

Амонијак

Во литар вода додадете 60 мл. амонијак и смесата ставете ја во пластично шише со распрскувач, бидејќи таа е одлична за чистење на шофершајбната со мека крпа.

Сода бикарбона

Направете природно средство за миење на автомобилот на следниот начин: во канистер од пет литри ставете 100 гр. сода бикарбона и пола шолја течност за садови. Остатокот од канистерот наполнете го со вода. Затворете го канистерот, добро протресете и оставете да отстои. Следниот пат кога ќе го перете автомобилот, во кантата млака вода ставете една шолја од мешавината. Добро измешајте и вашето средство за перење на автомобилот е подготвено за употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...