„Старо железо“ вредно 15.000.000 евра

Роџер Баилон со децении собирал олдтајмери во својата гаража и на децата им оставил богатство во кое не можеле да поверуваат.

Роџер Баилон бил страстен колекционер на автомобили, а она што ги воодушевило неговите внуци ќе ве остави без зборови.



Тој собирал автомобили од 1950 до 1970 година и имал голема желба истите да ги реставрира. За жал смртта го спречила во неговата намера. Колекцијата ја наследил неговиот син Жак, кој починал минатата година, а потоа овие автомобили им припаднале на внуците на Роџер.



На почетокот тие не биле особено заинтересирани за олдтајмерите на нивниот дедо, меѓутоа еден ден решиле да повикаат стручно лице за да процени дали вреди нешто „кршот“, како ја нарекувале збирката на автомобили. Тоа што го слушнале навистина ги изненадило.



Метју Ламор и Пјер Новикоф, луѓе кои се занимавале со проценка на стари автомобили биле разочарани од збирката која очигледно не можела да се реставрира. Кога ја отвориле гаражата каде биле сместени зачуваните примероци не можеле да си дојдат на себе.



Покрај мноштвото стари автомобили, пред нив се наоѓало  Ферари 250 GT SWB „калифорнија спајдер“ кое е проценето на милионска сума. Станува збор за особено вреден модел произведен во само 37 примероци. До него бил и Масерати A6G 2000 „спорт фру“, кој Италијанците го произвеле во само три примероци. „Не можевме да веруваме“ - изјавил Ламор.



Стручњаците целата колекција ја процениле на 15.500.000 евра, а во неа се нашле и Талбот - Лаго, кој бил во сопственост на египетскиот крал, како и неколку вредни Ферари, Бугати, Јагуар и сл.



Колекцијата ќе се најде на аукција на 6 февруари 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...