Chevrolet јасно стави до знаење дека долгоочекуваната шеста генерација Camaro ќе ја претстави во родниот Детроит на 16-ти мај оваа година.
На откривањето на новиот Camaro, се очекува да се насочи кон илјадниците фанови на Camaro, кој ќе се запознаат со дизајнерите и инженерите.
Новиот Camaro се очекува да биде во продажба кон крајот на оваа година, а тоа ќе биде првиот редизајн во последните шест години. Тој ќе се темели на платформата na General Motors, Alpha, на која веќе се темелат Cadillac ATS и CTS. Самото производство на новиот Camaro ќе се пресели од Онтарио во Мичиген, каде Chevrolet ги произведува наведените верзии на Cadillac. Според најавите новиот Camaro треба да биде малку подолг од сегашната верзија, но би требало да биде и околу стотина килограми полесен. Иако не се наведени деталите, под хаубата на Camaro би требало да се најде и V8-та.
Инаку Chevrolet се надева дека овој месец ќе го продаде јубелијниот, 500.000 примерок на Camaro. На американскиот пазар, Camaro веќе пет години по ред е најпродаваниот спортски автомобил.