FIAT 600: Првите 60 години

Создаден е во средината на 50-тите години од минатиот век како добро разработен план на FIAT да го фати првиот воз за напредокот и подобар живот на работничката класа по војната. Евтин, со добар изглед и мошне добар за возење, FIAT 600 стана најпопуларниот автомобил на планетата.

Оваа замисла уште од 1951 година ја изнел генералниот директор на FIAT, Данте Џакози. Откако ја разработил идејата, ја преставил на управата. Тие веднаш започнале да размислуваат разни варијанти за концептот во зависност од можностите на механиката која била достапна во тоа време.



За брзо време се создаде 3.2 метри каросерија со мотор сместен на задната осовина. Предните тркала воделе до стабилизаторите, додека задната оска имала спирални пружини и амортизери. Сè било подготвено, уште да се конструира моторот кој бил доволно компактен за да се смести во „опашката“ на малиот автомобил.

На крај, произведувачите создале четири цилиндричен мотор од 633ссм и 22КС. Повеќето вентили му биле сместени во главата, а брегастата осовина се наоѓала во моторниот блок.

Со овој модел во историја заминала и последната варијанта на овој мотор. Се работи за мотор од 903ссм, познат од Yugo45.



Премиерата на FIAT 600 се случила на Саемот за автомобили во Женева во 1955 година. Тогаш се претставила основната верзија, модел со 2 врати и 4 седишта. По точно една година, биле преставени уште два модели: модел со голем платнен кров и Multipla. Основната верзија на моторот од 22КС имала капацитет за максимална брзина од 95 км/час, а за забрзување од 0 до 80 км/час биле потребни 27 секунди.



Multipla бил еден од бисерите на FIAT и вистински доказ за генијалноста на Данте Џакози. Успеал механичката платформа на FIAT 600 да ја направи и на првиот MPV автомобил на светот. Не само што го осмислил комплетниот концепт на автомобилот, туку и во минималниот простор успеал да направи место дури за шест возрасни патници.



Тоа го постигнал така што возачот и совозачот ги сместил над предната осовина. Оваа постапка овозможила зад предниот ред на седишта, да се ослободи голем простор. Потоа, фабриката направила три видови на Multiple. Верзијата со шест седишта била брилијантно изработена на тој начин што откако ќе се спуштат седиштата се добивало голема рамна површина, како кревет. Другата верзија било четворосед со класична клупа за патници, а третата била такси верзија со простор за багаж на местото на совозачкото седиште.



При производството, FIAT непрестајно воведувал ситни промени и подобрувања во својот хит модел. Во првите неколку години, бил воведен тапацир на вратите, бил изменет начинот на отворање прозорци, а неколку пати се променувале и контактите за бравите.

Во 1959 година, блок моторот доживеал промени, а бил заменет и карбураторот, па максималната брзина почнала да достигнува до 100км/час. Најголемата измена или т.н. facelift се случила во 1960 година, кога автомобилот се преименувал во FIAT 600D. Тогаш добил изглед кој се задржал практично до крајот на производството. FIAT 600D имал врати за отворање на контра начин, сè до 1964 година, кога во Италија веќе ги забраниле.



FIAT 600 се изработувал сè до 1969 година, а се пресметува дека се произвеле околу два и пол милиони модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...