Dave’s Kitchen ви го претставува ултра популарното Dalgona кафе во три различни верзии. Подгответе ја вашата омилена и уживајте во денот.

Потребни состојки:
За ванила вкус
2 лажички инстант кафе
1 лажичка шеќер
3-4 лажици студена вода
200 мл млеко
1 лажичка екстракт од ванила
3 коцки мраз
За чоколаден вкус
- 2 лажички инстант кафе
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 3-4 лажици студена вода
- 200 мл млеко
- 2 лажици какао
- 3 коцки мраз
За кокос вкус
2 лажички инстант кафе
1 лажичка ванилин шеќер
3-4 лажици студена вода
200 мл млеко
2 лажици кокос
3 коцки мраз
Начин на подготовка:

Најпрво за сите кафиња потребно е да ја подготвите густата пена. Во длабок сад со рачен блендер или со жица за матење изматете ги кафето, водата и шеќерот. Матете додека не добиете густа пена. Во чаша ставете го млекото, мразот и промешајте со ванилата. При сервирање ставете од изматената кафе пена.
За чоколадниот вкус - изматете ја кафе пената од кафето, ванилиниот шеќер и водата. Изблендирајте го млекото со какаото и сервирајте го во чаша. Додајте мраз и сервирајте со кафе пена. Декорирајте со какао.
За кокос вкусот -изматете ја кафе пената матејќи ги кафето, шеќерот и водата. Млекото и кокосот добро изблендирајте го и сервирајте во чаша со мраз. Декорирајте со кафе пената и кокос.
За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.
#daveskitchen #dalgonacoffee #dalgona #stayhome #седисидома