Неодолива комбинација на кремаста структура, вкусно чоколадо и мирис на цимет ќе ве остават без здив.

Потребни состојки:
- 4 јајца
- цимет
- 225 гр. шеќер
- 100 гр. брашно
- 75 гр. густин
- 2 лажички прашок за печење
- 1 лажица мелени лешници
- 5 лажички какао
- 7 лажици рендано чоколадо
- 50 гр. путер
- 8 листови од желатин
- 200 мл. млеко
- 50 гр. чоколадо
- 150 мл. чоколаден јогурт
- 800 мл. павлака
- 2 лажици шлаг

Подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Изматете ги јајцата, половина лажица цимет, четири лажици вода и 175 гр. шеќер. Измешајте го брашното, густинот и прашокот за печење, просејте преку кремот, додадете ги мелените лешници, лажица какао и лажица рендано чоколадо. Додајте го путерот и замесете. Смесата сипете ја во калап со пречник од 26-на сантиметри, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете околу 30 минути. Извадете, тргнете ја хартијата и изладете.
Тестото два пати хоризонтално пресечете го. Долната кора зацврснете ја со прстен. Растопете го желатинот. Загрејте го млекото со ½ лажица цимет и 50 гр. шеќер, не варете. Во таа смеса растопете го чоколадото. Сипете го желатинот, измешајте и малку изладете. Чоко-јогуртот сипете го полека во млаката смеса. Земете 600 мл. павлака и соединете ја со смесата.

Со 1/3 од кремот премачкајте ја долната кора, покријте потоа со другата, со 1/3 премачкајте, ставете ја третата и потоа премачкајте ја и неа со остатокот од кремот. Тортата ладете ја четири часа. Тргнете го прстенот. Измешајте го шлагот, додадете малку цимет и лажица какао, но и 200 мл. павлака, па со сето тоа премачкајте ја тортата од околу, посипете со две лажици изрендено чоколадо.

По желба украсете со уште рендано чоколадо, мелени лешници или шлаг со вкус на чоколадо.
Пријатен апетит!