Што открива формата на твојот кармин?

Карминот е задолжителен дел од женската шминка, а изборот на истиот открива многу за неговата сопственичка. Освен бојата, тука е и неговата форма. На некои ќе им се допадне нијансата на карминот, но сепак нема да го купат затоа што не им се допаѓа начинот на кој што изгледа.

Каков е вашиот избор?

Кармин со остро заоблен врв

Луѓето ве сакаат или пак ве мразат. Со вас нема средина, но воопшто не сте загрижени поради тоа. Храбро го кажувате она што го мислите и му оставете на светот сам да го донесе својот заклучок. Секогаш сте тука кога им треба помош на саканите.

Кармин со остро пресечен врв

Брзи, интелигентни и смешни природно ги шармирате луѓето. Сепак, имате проблем кога некој не се согласува со вашето мислење, па не ретко започнувате караница.

Кармин со благо заоблен врв

Сакате да се дружите со пријателите и да ги поканувате во својот топол дом. Строго се придржувате кон правилата и сте посветени на семејството. Уживате во семејната хармонија и попладневните дружења.

Кармин со длабок страничен врв

Не сакате да ги разочарувате пријателите, ниту пак да правите нешта кои на некој начин се недозволени. Луѓето може да ја злоупотребат вашата добрина, но и понатаму се трудите да покажете дека и покрај тоа ќе продолжите да помагате.

Кармин со благо пресечен врв 

Се што ќе започнете морате да довршите, па дури и да си ги извалкате рацете. Имате изразена љубопитност која ви мотивира да бидете најдобри во сè и да добиете што повеќе од животот.

Кармин со шпиц врв

Флертувањето ви доаѓа природно и секогаш имате нови обожаватели. Луѓето не ретко мислат дека сте малку нападни, но оние што добро ве познаваат знаат дека во суштина сте само оригинални и свои.

Кармин со плиток страничен врв 

Постојано сте вљубени и сакате да споделувате љубов. Пукате од креативност, но понекогаш вршите премногу притисок врз себе. Секогаш лојални кон пријателите, вие сте човекот на кој можат да се потпрат кога им е најтешко.

Кармин со остро пресечен врв

Динамични и во центарот на вниманието вие сте родени лидери. Понекогаш вашата потреба за контрола ги иритира луѓето, но ентузијазмот ви е заразен, па немате проблем да им го смените мислењето и да го подигнете нивото на играта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби