Љубовни грешки пред кои паѓаат и најискусните жени

Кога ќе станеме заробеници на сопствените чувства не ретко ни се случува да направиме нешта за кои подоцна се каеме и се прашуваме каде ни бил паметот. Дури и на најискусните жени понекогаш им се случува да бидат заслепени од љубовта и да заборават како се однесувале пред да влезат во врска, а како во неа.

Кога ќе почувствувате дека завесата на емоции започнала да ви ги заматува погледите, потсетете се на следните нешта.

Првиот впечаток секогаш е вистински

Експертите за вербална и невербална комуникација велат дека токму првиот момент кога се запознаваме со некого можеме да го почувствуваме неговото вистинско јас затоа што немаме никаква емотивна поврзаност со нив. Ако при запознавањето се почувствувале чудна вибрација или пак се забележале некој негов потег, што не му се допаднал, не го игнорирајте тоа во понатамошната комуникацијата. Повеќето од нас се трудат да ги игнорираат овие мали нешта, кои потоа преминуваат во големи причини за расправија.

Забораваме на себе

Знаете која сте и што сакате во животот? Тогаш зошто барате потврда за своите вредности од маж? И кога сте во убава и среќна врска никогаш не забавајте на своите интереси, желби и цели. Секогаш трудете се да најдете време да се посветите на себе и да бидете подобра личност.

Ги игнорираме важните прашања

Никогаш не е прерано за суштествени муабети. Не мора веднаш да го прашате дали сака да има деца, но можете да начнете теми кои се од големо значење доколку утре завршите во сериозна врска. Ако личноста со која што сте има радикално спротивни животни ставови од вашите не лажете се дека со текот на времето ќе успеете да и ги промените. Само ќе изгубите драгоцено време и на крајот ќе завршите разочарани.

Остануваме во врска која не води никаде

Нема жена која не поминала низ оваа фаза. Знаеме дека тој не е она што ни е потребно, но сепак остануваме во врската за да не бидеме осамени или затоа што не сакаме да најдеме нешто подобро. Едноставно сме поминале предолго време со еден човек и не знаеме како да продолжиме понатаму без него. Кога ќе се свестиме што правиме веќе е доцна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби