Ризици за кои никогаш нема да зажалите

Луѓето по природа им даваат голем отпор на промените и на превземањето ризици. Бидејќи тоа го правиме за да си ги сочуваме емоциите, всушност многу често се лишуваме од радост и среќа, како и од искористување на капацитетот кој го имаме во себе.

Иако чекорењето кон непознатото најчесто делува застрашувачки, понекогаш тие навидум страшни чекори се исплатуваат и се правилната одлука. Ви претставуваме шест ризици за кои никогаш нема да зажалите што сте ги превземале.

Направете одредена активност сами



Седењето во ресторан или гледањето на филм во друштво на вас самите веројатно ви звучи неприфатливо. Всушност, истражувањата покажуваат дека на луѓето поприфатлива им е физичката болка отколку да поминуваат време сами со своите мисли. Но, вистината е дека навистина постојат огромни предности во правењето на некаква активност сами. Така поминатото време ги зајакнува нашата креативност и концентрација, а може и да помогне да се намали ризикот од депресија. Тука е и чувството на ослободеност, кое не треба да се занемари.

Побарајте помош



Иако звучи парадоксално, потпирањето на блиска личност и добивање на нејзината поддршка во тешки мигови, ве прави да се чувствувате посилни и помоќни. Исто така, сосема е во ред да се обратите и отворите некому, особено кога чувствувате дека ви е загрозено менталното здравје. Работата со професионалец од оваа област во вакви моменти е од клучно значење. Тоа што ќе побарате помош не значи дека сте слаби, туку напротив – отсликува колку всушност сте силни.

Застанете зад себе на работа



Можеби мислите дека вашите идеи не се доволно добри за да ги споделувате на состаноците кои ги имате на работа, но постојаниот глас во деловната средина е клуч за раст и успех. Верувајте во себе! Никогаш нема да дознаете каде може да води вашата идеја доколку не ја кажете, макар и под ризик да не биде прифатена. Токму негативноста е тоа што нè држи назад и ни го оневозможува прогресот.

Остварете го патувањето кое веќе долго време го посакувате



Не е никаква тајна дека планирањето на патување автоматски ја подобрува нашата емотивна добросостојба. Но, од друга страна, статистиките велат дека луѓето не ги искористуваат своите денови за одмор. Конечно отидете на местото за кое долго време мечтаете. Доколку финансиите не ви го овозможуваат тоа, одберете поефтина варијанта. Неколкудневното одмарање на планина и на чист воздух ќе ве направи како нови!

Бидете свои



Живеењето под туѓа маска е токсично за вашето душевно здравје, а оттаму и за физичкото. Никогаш немојте да се срамите од себе. Покажувањето на вистинското лице околу вас ќе ги задржи вистинските пријатели, они кои ве сакаат заради тоа што сте. Енергијата која ќе ја ширите така среќни во својата кожа е помоќна отколку што можете да замислите!

Кажете НЕ



Повеќето од нас се плашат од ова „пеколно“ зборче бидејќи мислат дека ќе ги разочараат и повредат родителите, партнерот и пријателите, како и дека ќе си ги загрозат шансите на работа. Но, експертите велат дека токму преполниот дневен распоред и бројните обврски резултираат во тоа од што се плашиме. Луѓето се обидуваат да постигнат премногу, па затоа се губат некаде низ процесот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби