Надвладејте ги негативните мисли и тешките моменти

Сигурно знаете дека ако имате негативни мисли ја привлекувате негативноста во својот живот, така? Ако имате позитивни мисли, го привлекувате позитивното. Кратко кажано: Какви ти се мислите – таков ти е животот.

Но, ако го знаеме ова, зошто упорно мислиме негативно? Не знам, тоа и јас често се прашувам и никако не ми е јасно зошто луѓето повеќе мислат негативно отколку позитивно. Можеби така им е полесно, наметнато им е такво мислење, ќе бидат казнети ако за себе го посакуваат само најдоброто, ќе им се случи нешто ако црна мачка им го пресече патот...



Негативната енергија е деструктивна и како таква уништува, дели, сече и распарчува од сè што е добро на овој свет, а со тоа го создава и стравот кај луѓето. Истиот е длабоко всаден во генетиката, во мислите, наследството, културата, државата, во човечноста. Стравот, освен што нè држи во константен грч, прави да имаме негативна перспектива преку која го пренесуваме негативното во нашиот живот.

Како? Јас се плашам од скакулци и паничам кога и да ги видам. Од својот страв создадов фобија, што е друго име за страв и кога и да се најдам во околина во која е многу веројатно да има скакулци, по 1000 пати ќе повторам дека барем еден ќе ми се замота во косата, ќе ми скокне на рамото, но не затоа што сака, туку затоа што јас сум го повикала со мојот страв и негативни чувства.

Тоа всушност е и негативна претпоставка дека такво нешто секако ќе се случи. Јас секогаш сум убедена дека ќе имам блиска средба со скакулци и дека ќе добијам напад на паника, ќе бидам исплашена, па друго сценарио кое ме поврзува со скакулците, за мене не постои. Дали всушност е така?

Овде настапува промената на перспективата преку која ја набљудуваме ситуацијата. Свеста за тоа да се плашиме од нешто фрла светло врз стравот, на тој начин што го осветлува и прави тој страв да исчезне. Ако станеме свесни за тоа, ако ги исклучиме на момент мислите и сè она за што размислуваме и ако се најдеме во тишината на нашата душа – стравот ќе исчезне. Со самото тоа ќе ја снема фобијата и ќе ги снема негативните мисли.



Нека скакулецот биде аналогија за сите негативни ситуации кои можете да ги наведете како пример за ваш страв. Негативната енергија која ја емитуваме, всушност е начин на кој се браниме, некој вид на штит, кој сме го направиле за себе за да се скриеме од она од што се плашиме. Но, како што кажав, таа е деструктивна, а тоа значи дека само долеваме масло на огнот кој и онака веќе нè пече. Кога ќе упаднеме во вртлогот на негативното размислување, ќе го рефлектираме тоа и на реалноста и ќе пропаднеме во замката на стравот.

Поради тоа, треба да ја промениме перспективата и да сфатиме дека ние можеме да имаме одредена контрола над она што ни се случува во животот. Ова можеби е малку потешко да се сфати – јас го контролирам својот живот, обликот го креирам како сакам, а промената од негативна во позитивна перспектива е голем напредок.

Постојат два начини преку кои можеме да го постигнеме тоа:

Првиот е кога негативните мисли ќе се појават, на пример за време на некој филм, при сцените на најтешки сообраќајни несреќи, станете свесни дека го гледате филмот, а не дека го доживувате. Изгледајте го до крајот, пуштете ги мислите да го прават она што најдобро умеат, а тоа е да прават филмови.

Замислете го без страв најлошото сценарио во кое страдате вие, вашите сакани и продолжете со размислување. Вашиот ум најверојатно ќе се запраша зошто не го прекинувате, од каде таа нова појава во вас каде што немате страв од тие слики кои се наметнати. Само набљудувајте и пуштете да се заврши. Еднаш, два пати и ќе престане самото од себе. Тогаш ќе се ослободете од влијанието на мислите врз вас.



Другиот начин е кога ќе почувствувате дека вашите мисли ве тераат да размислувате негативно, на пример да го паднете испитот иако сте го спремиле, полека сконцентрирајте се на своето дишење и вратете се на свесната состојба во дадениот момент. Кога мислите ќе почнат да мислат – не сум добар, не сум вреден, не го заслужувам ова – препознајте ги и ресетирајте ги со правилно дишење.

Овој начин е идеален за вовед во медитација и сфаќањето на моќта во сегашниот момент. Битно е само да посакате да се менувате и да имате потреба за тоа. Ако е така, промената на перспективата секако е добар начин да се почне. Најдобар доказ дека сте се промениле е кога на некоја иста ситуација ќе имате различна реакција. Околностите не се важни, важна е само состојбата на вашиот дух, вели Јелена Накиќ, авторка на статијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби