Изборот на училишниот ранец: Прва важна работа на учениците и родителите

Пред почетокот на училишната година родителите и ученици се во потрага по нов школски прибор, а меѓу најосновните работи е училишниот ранец.

На некому му е важно да е квалитетен, на друг убав и шарен, на трет да има многу прегради и слично. Сепак, кога станува збор за ранецот, најважното нешто е истиот совршено да одговара за телото на вашето дете. Дури 20% од децата кои се запишуваат во прво одделение и 50%  од оние кои завршуваат основно училиште имаат некое нарушување на ’рбетниот столб.



Тешките книги, преголемата тежина на самиот ранец, несоодветната големина и навиката на неправилно носење, се некои од најчестите фактори кои предизвикуваат вакви здравствени проблеми.

Како да изберете добар школски ранец?

Празниот ранец треба да тежи помалку од 1 килограм, а полниот не би требало да преминува преку 10% од тежината на детето.

Големината на ранецот, не треба да биде поширока од телото, така што на детето ќе му се овозможи да ги мрда рацете и наназад. Не смее да биде предолг, па при одењето да го удира со задникот, бидејќи тогаш неприродно ќе се навалува наназад. Малиот и високо поставен ранец го поттикнува детето да се згрбавува и непотребно да ги крева рамената. Во идеален случај, школскиот ранец би требало да се носи на тој начин што лесно ќе биде навален по должината на грбот, а телото на детето ќе остане исправено.



Во продавниците лесно може да ги одредиме димензиите и тежината на ранецот, но да згрешиме околу неговата цврстина. Повеќето родители сметаат дека доколку купат што поцврст ранец ќе го задржат телото на детето во правилна положба, но тоа не е секогаш така.

Детето мора да го задржи својот нормален и исправен став, така што кога ранецот му е на грб, слободно да ја движи главата лево и десно, рацете да може да ги исправи напред и да ги крене нагоре, советуваат физиотерапевтите. 

Чантата со тркалца и со рачка, која детето може да ја влече најмалку го оптоварува ’рбетот, ако не се влече секогаш на едната страна. Треба да внимава на носење на ранецот кога се оди по скали. Не се препорачува носење на една рака, бидејќи  детето може да се повреди. Ако ранецот има повеќе прегради ќе има и повеќе можности за распоредување – книгите и тетратките треба да се стават на последната преграда, односно на онаа до грбот, а оние потешките на дното со цел да се стабилизира грбот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби