РАЗМРДАЈТЕ СЕ

Лесни совети за поголема дневна активност

Современиот и стресен начин на живот бара од нас да бидеме „заковани“ на столчето пред компјутерот во голем дел од денот. Ние често дури го јадеме ручекот на работната маса, а дома ја повторуваме истата динамика.

Но, како да се „размрдате“ и да ја зголемите дневната активност? Ова се само неколку совети со кои полесно ќе го направите тоа, а речиси и нема да забележите.

Размрдајте се барем половина час во денот

Американската асоцијација за срцеви заболувања советува да практикувате физичка активност барем 30 минути во денот. Вие одберете ја активноста. Без разлика дали ќе пешачете, трчате, вежбате во теретана или ќе танцувате, мора да го размрдате телото.

Ако ви е потребна мотивација почнете со мали чекори

Исчистете ја собата или станот во кој живеете. Тоа ќе ви донесе физичка активност без да излегувате од домот, а и ќе биде продуктивна и за самиот стан, не само за вашето здравје.

Кога сте на работа, искористете ја секоја можност да станете од столчето



Наместо да комуницирате преку мејл или телефон со колегите во канцеларијата, отидете до нивното биро и кажете им ја информацијата во живо.

Избегнувајте ги лифтовите



Без разлика дали е тоа во зградата која живеете или во зградата во која работите, обидете се да одите до работното место пешки, наместо со лифт.

Ако може одете на работа пешки



Ако дестинацијата до работното место не е преголема, обидете се да одите пешки до работа наместо со автомобил или јавен превоз. Ако не можете наутро тоа да го направите, обидете се попладне да се вратите пешки.

Паркирајте го автомобилот што подалеку од влезот во зградата



Повторно. Ако не сте во можност да отидете или да се вратите пешки до/од работа, искористете ја ситуацијата во своја корист. Паркирајте го автомобилот што е можно подалеку од влезот и одете пешки.

Симнете се една станица порано ако патувате до работа со јавен превоз



Слично и со претходната точка. Ако можете обидете се да се симнете на една постојка пред постојката, поблиску до работното месо и одете до преостанатата дестинација пешки.

Симнете апликации кои ќе ја мерат вашата физичка активност



Апликациите ќе ве мотивираат да останете активни, ќе ви ги мерат чекорите, а со тоа и прогресот во физичката активност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби