4 разни начини на кои времето влијае на здравјето

Времето влијае на здравјето, како на телото, така и на умот. Секое годишно време со себе носи разни предизвици: помалку часови дневна светлина, промени во притисокот на воздухот, влажноста, температурата и др.

Еве на што сè времето може да влијае:

1) На расположението

Светлината е еден од најважните фактори кои влијаат на расположението, а малкуте часови дневна светлина во одредени месеци можат да го поместат внатрешниот часовник и да предизвикаат сезонска депресија.

2) На срцето

Екстремните температури го зголемуваат ризикот од срцев или мозочен удар кај оние кои веќе имаат артериосклероза и сл., додека пак ниските температури ги стеснуваат крвните садови што ја отежнува циркулацијата.

На премногу топлите или студени денови избегнувајте премногу напор, особено доколку не вежбате редовно. Тоа значи не работите на отворено (одржување на дворот, отстранување на снег со лопата) и избегнувајте да сте на отворено во најтоплите часови во денот (од пладне до 15ч.)

3) На сезонски алергии



Времето влијае на алергиските симптоми кои се предизвикани од полен и мувла (надворешна и внатрешна). На пример, потопло од вообичаено зимско време предизвикува порано полинирање на дрвата, при што алергиските симптоми можат да се појават порано отколку вообичаено и да траат подолго. Топлите пролетни денови, пак, резултираат со поинтензивни периоди кога се ослободува поленот, додека предвремено топење на снегот може да ја интензивира појавата на мувла.

Честите пролетни дождови промовираат побрз раст на растенијата, со што и алергиските симптоми се појавуваат побрзо и поинтензивно, додека пак сувото и ветровито време исто така влијае на симптомите бидејќи ветерот го шири поленот и мувлата.

4) На кожата

Контрастот помеѓу сувиот надворешен воздух и топлината во домовите (во зима) предизвикува кожата да ја изгуби влажноста и да стане црвена, сува, и да чепа. На другиот крај на спектарот, пак, високите температури и сонцето можат да ги засилат кожните заболувања како егземата, псоријазата и сл. поради ширење на крвните садови и зголемување на крвотокот во кожата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби