Зошто треба да зборувате со доктор пред да земате суплементи?

Пред да почнете да купувате и земате суплементи, важно е да се знае дека сите не се креирани подеднакво, поради тоа што не се прецизно регулирани од FDA како што тоа се прави со конвенционалната храна и лекови. Многу од суплементите со себе носат штетни ризици како што се непрецизните информации во врска со дозирањето и состојките кои ги содржат.



Еве зошто треба да зборувате со доктор пред да почнете да пиете било што:

1) Правење на крвен тест

Не на секој му се потребни суплементи како на пр. витамин Д или витамин Б12, па поради тоа докторот може да препорача крвен тест за да открие дали воопшто имате недостаток од одредени витамини и од кои.

2) Информирајте се за придобивките од разните суплементи

Одредени суплементи како AREDS можат да го редуцираат ризикот од губење на видот поради старосно предизвикана макуларна дегенерација, суплементите од рибино масло содржат омега-3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, а суплементите кои содржат пребиотици и пробиотици помагаат за здрав стомачен миркобиом кој нè штити од хронични заболувања. Поради тоа, важно е да се дискутира фамилијарната историја на болести и вашите специфични здравствени грижи со докторот, кој ќе препорача дали и кои суплементи ви се потребни.

3) Недокажани тврдења поврзани со суплементите

Некои суплементи на етикетите и рекламите имаат тврдења кои или не се прецизно дефинирани, или не постојат валидни научни податоци да ги потврдат. Такви се, на пример, тврдењата дека одреден суплемент помага за здравјето на мозокот или го подобрува имунитетот или пак нуди безбедно и брзо слабеење без јо-јо ефект – што најчесто е целосно неточно.

4) Важно е да се дискутира фамилијарната историја на болести

На пример, доколку постојано се чувствувате уморни и на своја рака решите да пиете суплемент со железо, тоа може да ви го влоши здравјето доколку не знаете дека во вашата фамилија има наследна состојба која предизвикува телото да апсорбира повеќе железо од потребното и да го акумулира. Така акумулираното железо може да предизвика оштетување на органите, а оригиналната причина за уморот да остане нетретирана.



5) Одредени состојки во суплементите може да се опасни

Штетните соединенија како DMAA, DMBA и DEPEA често на етикетите се именувани како ботанички екстракти како гераниумско масло или екстракт од дендробиум. DMAA, на пример, е амфетамин кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми како срцев удар.

6) Суплементите може да содржат филери кои не ви одговараат

Одредено суплементи можат да користат неактивни состојки кои претставуваат ризик за некој со целијачна болест. Поради тоа е важно состојките на секој суплемент кој планирате да го пиете, а не сте сигурни што сè содржи да ги разгледате заедно со вашиот доктор, за да се осигурате дека ниедна состојка нема да влијае негативно на вашата здравствена состојба.

7) Може да испиете токсична доза

Иако пиењето мултивитамини звучи здраво, одредени витамини како А, Д, Е и К кои се раствораат во вода телото може да ги складира во преголема количина, па тие да постигнат токсично ниво.

8) Мора да се внимава кои суплементи се пијат пред операција

Доколку ве очекува операција, исклучително е важно да се консултирате со доктор кои суплементи може да ги пиете, а кои мора да ги прекинете пред операцијата. Причината за тоа е што одредени суплементи може да го зголемат ризикот од преголемо крварење за време на операцијата.

9) Суплементите може да имаат лоша интеракција со лекови

Одредени суплементи не смеат да се мешаат со одредени лекарства. На пример, доколку пиете лек за намалување на густината на крвта, мора да се избегнуваат суплементи кои содржат витамин А, Е, или лук. Или пак комбинирање на магнезиум со анти-хипертензивни лекови може да предизвикаат несвестица.

10) Суплементите може да ја намалат ефективноста на лековите

Кантарионот често се препорачува за депресија, но за жал истиот може да ги ослабне ефектите на одредени лекови, во кои спаѓаат и апчињата за контрацепција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби