Чувањето куче поврзано со подолг живот

Бројни студии досега ги имаат документирано придобивките од чување на домашен миленик, вклучувајќи ја нивната способност да ни го намалат стресот и зголемат самодовербата.

Сега, две нови истражувања објаснуваат зошто чувањето на куче допринесува за подобро физичко здравје, особено кога станува збор за заздравување.



Според една нова студија и анализа, чувањето куче е поврзано со живеење на подолг живот, особено кај оние кои преживеале срцев или мозочен удар.

Првата студија идентификувала пациенти од шведскиот национален регистар на пациенти, на возраст помеѓу 40 и 85 години кои преживеале срцев или мозочен удар во периодот помеѓу 2001 и 2012 год. Од 181 696 индивидуалци кои преживеале срцев удар , 5.7% биле сопственици на куче, додека од 154 617 кои преживеале мозочен удар, 4.8% биле сопственици на куче.

Научниците откриле дека, во споредба со оние кои не чувале куче, ризикот од смрт кај оние кои преживеале срцев удар а чувале и живееле сами бил за 33% понизок. Во споредба со тоа, ризикот од смрт кај сопствениците на куче кои живееле со партнер или дете бил за 15% понизок. Слични бројки биле откриени и пак пациентите со преживеан мозочен удар – 27% и 12%.

Авторите на студијата претпоставуваат дека резултатите се должат на фактот што луѓето со кучиња се повеќе активни и помалку осамени. Мета-анализата вклучувала евалуација на 10 студии објавени помеѓу 1950 и 2019 кои ја истражувале поврзаноста помеѓу чувањето на куче и целокупната смртност, каде било откриено дека чувањето куче било асоцирано со 24% намалување на ризикот од морталитет од било која причина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби