3 причини поради кои луѓето со прекумерна тежина потешко се справуваат со грипот

Иако коронавирусот е главната тема која што не окупира во изминатиов период, за некои луѓе инфлуенцата, т.е грипот претставува поголема опасност.



Луѓето со поголема тежина, може да имаат дополнителни потешкотии кога станува збор за грипот.

1) Поголем ризик од компликации

За време на сезоната на грип во 2009-та (особено активна година за вирусот), било забележано дека оние со поголема тежина, особено прекумерна, биле почесто хоспитализирани за грип, по што било заклучено дека прекумерната тежина навистина го зголемува ризикот од сериозни компликации поврзани со грипот.

Причината за тоа е што вирусот се шири подлабоко во белите дробови на овие луѓе, што може да доведе до можност за секундарна инфекција.

За оние со здравствени состојби како дијабетес или други метаболички пореметувања, грипот може да претставува сериозна закана по здравјето, бидејќи имунолошкиот систем веќе е силно оптоварен за да се справи со нивната хронична состојба.

2) Вакцината против грип не функционира доволно добро

Студиите индицираат дека вакцината против грип не функционира доволно добро кај оние кои се со прекумерна тежина, кај кои двојно е зголемен ризикот да заболат од грип и покрај вакцината, во споредба со оние со помала тежина.

Причината за тоа е што имунолошката функција кај нив е помалку ефикасна, особено нивните Т-клетки, кои ги модулираат имунолошките реакции на телото. Тоа се клетките кои го „помнат“ вирусот, за кога повторно ќе се појави, имунолошкиот систем да може да реагира многу побрзо.

3) Заразата трае подолго време

Не само што оние со поголема телесна тежина и прекумерна се поподложни на грип и неговите посериозни компликации, туку кај нив и заразата може да трае подолго време, а со тоа и ризикот за ширење на инфекцијата врз други луѓе.

Скорешна студија покажала дека на возрасните личности со прекумерна тежина со инфлуенца и симптоми слични на грипот им е потребно 42% повеќе време за да оздрават, додека кај оние со симптоми со среден интензитет или без воопшто симптоми кои биле тестирани позитивно за грип, разликата била уште поголема – 104%.

Без разлика на тежината, за да подобро се заштитите од грипот (и за да полесно/побрзо го прележите) внимавајте да сте постојано хидрирани, почесто мијте ги рацете, јадете повеќе овошје и зеленчук, ограничете ја интеракцијата со болни луѓе, зголемете ја активноста и избегнувајте да си го допирате лицето со немиени раце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби