6 здравствени последици од јадење премногу месо

За повеќето луѓе, умереното јадење месо како дел од балансирана исхрана е здраво, меѓутоа преголеми количини на месо, особено црвени процесирани меса кои се богати со масти, можат да предизвикаат несакани ефекти по здравјето, како и долгорочни здравствени ризици.

Еве кои се последиците од јадење на премногу месо:

1) Зголемено потење

Доколку сте изеле голема количина на месо, можеби сте го забележале феноменот наречен "meat sweats", односно потење предизвикано од месо. Иако овој вид на потење не е специфично анализиран, механизмот кој стои зад него е многу добро познат. Кога јадеме, телото мора дел од енергијата да вложи во варењето и процесирањето на храната – процес наречен термогенеза предизвикана од храна, која може малку да ја накачи телесната температура.

Бидејќи за варење на протеинот се троши најмногу енергија, храната богата со протеин може да има поголем ефект на термогенезата од на пример, чинија салата или шпагети.

2) Чувство на умор после голем оброк

Додека ја вари храната, телото го насочува крвотокот во стомакот за да му даде приоритет на тој процес, што значи нејзино пренасочување од другите делови на телото, вклучувајќи го и мозокот, што може да доведе до зашеметеност која обично ја чувствуваме по обилен оброк.

Овие симптоми не се јавуваат само по оброци со голема количина на месо, туку и по небалансирани оброци со премногу јаглехидрати или масти кои предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта и инсулин.

Дополнително, некои видови на месо како говедското и месото од мисирка имаат големо ниво на триптофан, аминокиселина поврзана со продукцијата на мелатонин, човечкиот хормон кој го регулира спиењето.

3) Влошена дигестија поради недостаток на влакна

Една од последиците од јадење на премногу месо е што со тоа најверојатно се јаде помалку од останатите видови на храна, вклучувајќи ги целите зрна и свежите производи, што може да резултира со чувство на подуеност и да доведе до запек или дијареа, поради влошената дигестија.

Месото содржи многу хранливи состојки, но една од поважните ја нема – а тоа се влакната, несварливата форма на јаглехидрати кои се клучни за варењето на храната и регулирањето на шеќерот во крвта.

4) Дехидрација

На телото му е потребна голема количина на вода за да го процесира протеинот, што може да предизвика дехидрација на телото.

5) Премногу месо може да го забави слабеењето

Исхраната во која доминира протеинот помага за слабеењето така што подолго време не држи сити по јадењето, но има и недостатоци.

Одредени видови на месо можат да бидат екстремно густи со калории, што значи дека во еден залак содржат многу повеќе калории во споредба со зеленчукот – такви се помасните меса или процесираните производи како ресторанските хамбургери, сланината, и сл.

Така, доколку сакате да слабеете, се препорачува јадење на немасно месо како она од живината, рибите и сл.

6) Може да се зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени канцери

Процесираното месо како сланината, виршлите и сувомеснатите производи се особено штетни бидејќи повеќето од нив се третирани со хемиски конзерванси, кои го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево, бубрезите и желудникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби