Како да се создадат здрави навики кај бебињата?

Раното усвојување здрави навики во исхраната кај бебињата придонесува за нивно придржување во текот на детството, што значи и поздрав раст и развој на малите деца. Сите навики што ги развива бебето во првата година од животот, веројатно ќе траат цел живот.



Следуваат неколку совети за воспоставување здрави навики кај малечките.

1. Се започнува рано

Разновидна понуда на зеленчук и овошје (во помали количини) ќе го навикне детето на нивниот вкус, облик и количина. Истражувањата покажуваат дека ако првата храна е горчлив зеленчук, најверојатно ќе ги прифатат овие вкусови идните години. Знаците на глад и ситост кај бебето и хранењето складно со нив, можат да му помогнат да го одржи овој вроден инстинкт за тоа – кога и колку сака да јаде?

2. Ќе има различни реакции на вкусовите

Лицата на бебињата покажуваат вродена реакција на горчлив вкус. Истражувачи откриле дека таа исчезнува кога бебињата повторно ќе го пробаат истиот вкус. Смешното лице при првиот контакт со ново јадење, не мора да значи дека на детето не му одговара таа храна. Како што бебињата растат, овој рефлекс исчезнува.

3. Бидете доследни во навиките на здрава исхрана



Ако детето не го прифати новиот вкус првпат, тоа не смее да значи откажување кај родителот. Може да бидат потребни и 10 до 15 обиди, сѐ додека здрвата храна не му се допадне на бебето, особено ако се работи за брокула или спанаќ. Ако малечкото не ја сака новата храна првиот пат, обидете се пак по неколку дена.

4. Пробувајте ги заедно новите вкусови

Бебињата и малите деца учат нови работи имитирајќи ги другите, па тоа важи и за здравите навики во исхраната. Нивните најголеми примери се родителите. Ако Ве гледаат како уживате во здравиот избор и тие ќе сакаат да го пробаат тоа при редовните семејни оброци.

5. Внимавајте на напитоците

Кога детето е жедно, понудете му вода или незасладен напиток. Овошните сокови содржат многу шеќер и мала хранлива вредност. Секоја напивка со повеќе шеќер може да му ги оштети забите на малечкото.

6. И закуските може да бидат здрави и вкусни

Ужинките обично се мали оброци што накусо ќе го задоволат гладот на бебето. Тоа треба да е сосем доволно, за детето повторно да биде гладно за главниот оброк. Некха тоа биде, на пр. брокула со малку сирење или со јогурт со малку маснотии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби