И загадувањето влијае врз дебелината

Покрај лошата исхрана, недоволна физичка активност и „седечки“ начин на живот, постои уште еден фактор што предизвикува масовно зголемување на телесната тежина, а кој е потценет. Имено, забележан е уште еден фактор околу вишокот килограми, особено кај жените, а тоа е – загадувањето на воздухот.



Дебелината кај човекот е состојба што се одликува со вишок маснотии во телото, а се пресметува врз основа на возраста, полот и висината на едно лице. Се верува дека секоја година сѐ повеќе луѓе, па дури и деца, имаат проблеми со прекумерната тежина и спаѓаат во групата на дебели луѓе. Така, последниве десетлетија дебелината стана светски здравствен проблем во пораст, бидејќи сѐ повеќе луѓе јадат неправилно, живеат стресно и водат живот без многу движење, пишува „Study Finds“.

Универзитетот во Мичиген ги спроведе испитувањата врз повеќе од 1.650 жени на возраст меѓу 48 и 50 години, од различна расна и етничка припадност. Во период од 2000 до 2008 година е забележан просечен раст на телесната тежина од околу 4,5 отсто. Според стручното мислење, виновникот е токму загадувањето на воздухот, кое секоја година е сѐ посилно.

– Жените во доцните 40-ти и раните 50-ти кои долгорочно биле изложени на загаден воздух, особено повисоки нивоа фини честички, азот-диоксид и озон, пројавиле зголемување на телесната тежина, објаснува професорот и еден од предводниците на истражувањето, Ксин Ванг.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална страница наведува дека дури 90 отсто од светот живее во област со загаден воздух. Истражувањата посочуваат дека загадувањето на воздухот влијае на сите органи во телото, што го прави уште поопасно. Единствениот фактор што се чини релевантен за ефективно ублажување е редовната физичка активност, вели науката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби