Зеленилото придонесува за посилни коски кај децата

Садењето повеќе зелени површини за децата значи посилно психофизичко здравје. Ново истражување, објавено во списанието „JAMA Network Open”, посочува дека зеленилото придонесува и за поголема јачина на коските, а тоа значи и поголема отпорност на фрактури и остеопороза во подоцнежната возраст.



Густината на коските кај децата на возраст од четири до шест години била мерена со ултразвук. Научниот труд опфатил повеќе од 300 деца во областа Фландрија во Белгија, од урбани, приградски и рурални области.

Јачината на коските се зголемува во текот на детството и адолесценцијата, а по 50-тата година од животот, таа почнува да се намалува. При истражувањето, предвид биле земени возраста на детето, тежината, висината, етничкото потекло и степенот на образование на мајката. Така, децата со 20 - 25 отсто зелени површини над просекот, на 1.000 метри од нивниот дом имаат 66 отсто помала опасност за ниска густина на коските.

Испитувањата не откриле разлика меѓу момчињата и девојчињата.

Од друга страна, пак, две други неодамнешни испитувања за густината на коските кај возрасните и поврзаноста со зелените површини како фактор, даваат противречни резултати. Анализата на 66.000 луѓе во Југозападна Кина открива значајна позитивна врска меѓу зеленилото и густината и јачината на коските. Но, проучувањето на 4.000 луѓе на возраст над 65 години во Хонг Конг не нашло убедлива поврзаност, пишува „Гардијан“, можеби затоа што Хонг Конг е многу густо населен град со малку зелени површини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби