Летниот одмор е една од неколкуте работи за кои сонуваме преку текот на целата година. Помислата на сонце, плажа и солена морска вода е секогаш неодолива идеја. Иако, за жал, ја немаме таа предност во нашата држава, дознајте зошто е пожелно летниот одмор да го поминете на море.

Содржи елементи од витално значење
Морето содржи натриум, магнезиум, калциум, калиум и силициум, кои се неопходни за нашиот организам.
Исто така, тука се и алгите, кои изобилуваат со минерали, а уште одамна се сметале за извор на здравје и убавина. Ја поттикнуваат обновата на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, ги спречуваат воспаленијата, ја чистат кожата и помагаат во отстранувањето на целулитот.
Морската вода продира длабоко во кожата и со тоа овозможува дејствување на минералите и останатите елементи.

Морскиот воздух е бесценет
Чистиот морски воздух, кој е богат со негативни јони и озон, поттикнува подлабоко дишење и поволно дејствува на лицата кои патат од астма.
Исто така, негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ги намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот.
Воздухот заситен со негативни јони може да го пронајдете во шумите и планините, близу водопадите, реките, океаните и морето.
Поттикнува чистење на организмот
Капењето во морска вода ја стимулира функцијата на органите кои се задолжени за филтрирање и лачење на штетните материи од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата.

Насобраните токсини почнуваат да се движат преку лимфните жлезди и крвотокот кон површината, а солта го олеснува процесот на лачење. Се поттикнува размена на материи и чистење од штетните материи не само на кожата и сврзното ткиво, туку и на целиот организам.
Благотворно делува при алергиски рекации
Морската сол, со своите антисептички и антихистамински својства, претставува одличен лек за кожните алергиски реакции.
Ги ублажува артритисот и болките во грбот
Благодарение на својот состав, морската вода ја олеснува болката, ги намалува воспаленијата и поттикнува ослободување на вишокот течности од организмот.
Заради тоа, пливањето во море им носи олеснување на лицата кои патат од реума, артритис, како и болки во грбот и мускулите.

Лечи дерматолошки проблеми
Морската сол изобилува со разни состојки, меѓу кои има осумдесетина различни минерали, карбонат и сулфат, калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо и флуор.
Заради својот богат состав, морската вода благотворно делува на кожата и помага кај бројни кожни заболувања, како што се дерматитисот, псоријазата и егземата.
Морето ја зголемува креативноста
Морето, и воопшто водата како елемент, отсекогаш биле поврзувани со креативноста и чувствата. Одморот на море ќе ги поттикне вашите емоции, интуицијата, имагинацијата и креативноста.
