Хобија кои ќе ве направат паметни

Сите имаме некое хоби, страст, омилена игра или разонода во која уживаме кога имаме прилика. Но, некои од тие хобија може да ги поттикне когнитивните функции и да го подобри помнењето. Повеќе не мора да гледате на хобито како на начин да се опуштите, туку како средство и за други позитивни цели!

Следните седум видови на хоби ќе ве направат попаметни, доколку ги практикувате подолг временски период.

Учете странски јазик



Доколку сакате патувања и поинакви култури, проширете ја страста со учење на странски јазик. Не само што подобро ќе научите за културата, традицијата и историјата на другите земји, туку и подобро, побрзо и поедноставно ќе комуницирате. Учењето на странски јазик се препорачува да се започне што порано во животот, но од тоа и подоцна ќе имате корист. Учењето на јазик го развива мозокот и помага во решавањето на потешки задачи – со малку пракса, ќе забележите дека ќе почнете поостро да размислувате, а понекогаш дури и мислите ќе ви бидат формулирани на странски јазик. Кога тоа ќе се случи, веќе сте ја постигнале целта!

Играјте видео игри



Иако повеќето игри се агресивни и се лоши за децата и тинејџерите, некои од нив може да бидат одлични за мозокот. Научните студии покажуваат дека играњето видео игри може да ја поправи координацијата на очите и рацете. Истовремено, ќе ја тренирате вештината на донесување на одлука. Сепак, важно е да сфатите дека овие позитивни ефекти се однесуваат само на игрите прилагодени за вежбање на мозокот.

Сосредоточете се на игрите кои ќе ви го разбистрат мозокот



Слабата меморија е вообичаена во ова време, но за среќа постојат игри кои ќе ви помогнат. Решавањто на загатки и активности кои го стимулираат мозокот може да ви го намалат ризикот од демеција за 60 отсто. Во исто време, психичките игри значајно го подобруваат помнењето, што ќе биде многу важно кога ќе влезете во зрелите години. Игрите кои ја поттикнуваат активноста на мозокот, комбинирани со правилна исхрана, ќе ви дадат уште подобри резултати.

Сложувалки



Убавината на оваа игра е тоа што го поттикнува размислувањето, што сосема сигурно ќе има позотивно влијание на интелектот. Сложувалките не се единствените кои ќе ве направат попаметни. На пример, може да решавате крстозборки. Оваа разонода нека ви стане дел од секојдневната рутина и бидете сигурни дека вашите мозочни функции ќе се подобрат.

Читајте



Сигурно ќе се согласите дека читањето е едно од најубавите хобија. Книгите ни нудат единствен и извонреден начин на разбирање на светот, како и сигурно прибежиште кога сакате да избегате од сè. Еден од најдобрите начини да станете попаметни е да составите листа од најмалку десет книги кои планирате да ги прочитате во рок од една година. Читањето ќе ви помогне да го одржите мозокот буден и сосредоточен, а ќе ви го збогати и вокабуларот.

Свирете музички инструмент



Музиката е една од најголемите страсти кои можат да го обземат човекот, а оние кои свират музички инструменти се смета дека се понадарени и поинтелигентни личности. Како и кај учењето странски јазик, свирењето на музички инструмент најлесно се совладува во детството, но на ваков чекор не ретко се одлучуваат и возрасните. Доколку имате време и амбиција, не мора да се ограничите само на еден иструмент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби