УСПЕШНИ ДИЕТИ

Отфрлете ги лошите навики и заменете ги со добри

Пред да се посветиме на психолошката поддршка за време на диетата, да повториме: најдобар начин за да се пресметате со вишокот на килограми е да направите целосна програма која ќе  вклучува умерени промени во менито и физичката активност која е прифатлива за вас. Со други зборови, да ги промените своите нездрави навики и да ги замените со здрави. На тој начин ќе усвоите едно ново однесување, значително поздраво од досегашното.



Често се вели дека човекот е суштество од навики. Сè што се повторува доволен број пати, сè што работиме често, секојдневно има тенденција да стане автоматска работа и наша навика. Ако подобро размислите, вашиот проблем со телесната тежина токму е резултат на лошите навики. Преобилните оброци, па макар тие биле и само еднаш дневно, не се добри за вас. Исто како и физичката неактивност и разрешувањето на психичкиот стрес со грицкање на слатки. Затоа, во намерата да ја постигнете идеалната тежина, отфрлете ги лошите навики и заменете ги со добри, здрави навики. Наполнете го фрижидерот со овошје, зеленчук, риба, слабо масно месо, со посни сирења и млеко. Одберете леб од цело зрно, сега ги има разни видови на нашиот пазар и било кој да го одберете, значително е подобар од оној белиот на кој што сте навикнале. Така секогаш ќе го имате при рака она што е здраво и добро за вас. Направете план за физичките активности, вклучете се во некоја од програмите за стекнување физичка кондиција и редовно користете ги своите термини. Потребно е да се биде упорен само првите неколку недели. Подоцна ќе сфатите дека уживате во честите и помали оброци на здрава храна, дека со нетрпение го очекувате следниот термин за на базен или за на тенискиот терен. После овие активности нема да се чувствувате поспано и тромо, ќе бидете постројни, поубави и посреќни.



Кога и да се промени нешто во нашиот живот, нашите стари навики се противат на тоа. Многу е полесно да се продолжи со старите, вкоренети навики на однесување, одошто да се прилагодуваме кон новите услови. За воопшто да дојде до промена, неопходно е да се прекине ова „врзано оро“'. А, за тоа воопшто да ви тргне од рака, потребно е да донесете цврста и неотповиклива одлука дека старите навики навистина ќе ги замените со нови. . Ако не сте решителни, старите навики незабележливо ќе преовладаат. Колку е важна одлуката ќе покаже следниот пример. Се колебате да ја промените бојата на косата. Сакате да се бојадисате во црвено. Меѓутоа, од страна доаѓаат коментари за тоа како би изгледала вашата промена - и поволни и неповолни, вашата околина полека почнува да се меша во вашата одлука, сè повеќе се колебате и на крај кревате рака од својата намера. Ако не сте решителни, често е доволно да ги чуете првите негативни коментари па да се откажете. Тајната на успехот се крие токму тука. Мора да прифатите дека разните коментари, било добронамерни или не, сепак се само коментари. Крајната одлука е само ваша. Ако вие подобро ќе се чувствувате како црвенокоса, бојадисајте ја косата во таа боја. Вашата смела промена, пред сè, треба да ви се допадне вам. Ако таа боја вие ја носите спокојно и со задоволство, таа ќе им се допадне и на другите. И, обратно, ако вие не сте задоволни од себеси и од својот изглед, нема да бидат задоволни ниту другите. Затоа, ако имате проблеми со телесната тежина и не сте задоволни од неа, тргнете да го решите овој проблем.



Основно е да донесете цврста одлука да го решите својот проблем. Отфрлете ги семејните приказни дека отсекогаш сте биле по малку буцко, дека тоа убаво ви стои. Правете се дека не ги слушате саркастичните коментари, одбегнувајте ги темите кои може да се претворат во потсмевање на вашите намери. Место тоа, опкружете се со личности кои имаат слични проблеми и разговарајте со нив. Тргнете на рекреација - работата во група е секогаш добредојдена, а споредувањето со други е мошне поттикнувачко. Па, така, гледајќи некоја личност која што успеала да се ослободи од вишокот на килограми ќе имате добра прилика самите да се охрабрите и да поверувате во својот успех. Основно во секоја активност што ја преземаме, па и кога се работи за борбата за идеална тежина, е пред сè да донесеме цврста одлука, тоа навистина и да го сакаме и да веруваме во остварувањето на целта. Тогаш нема да изостане очекуваниот резултат. Клучот на успехот лежи во вашата желба - низ донесувањето на цврста одлука, во вашето верување - дека успехот може да се постигне со упорност, верувајќи во себе и во очекувањето - дека резултатите сигурно ќе се појават доколку прифатите нови, здрави навики. Како што гледате, сето ова се одвива на ниво на вашата свест и оттука промените на ова ниво се од пресудно значење. Добиената битка на ова ниво значи добиена војна.

Ако усвоите нови навики, за сметка на старите, тогаш веќе ќе ги нема оние негативни програми кои што довеле до проблемите со тежината.



Организмот, во недостиг на вишокот калории автоматски го отфрла вишокот на килограмите, мускулите под влијание на зголемената физичка активност автоматски стекнуваат сила, издржливост и еластичност за на крај и самата свест за себе, гледајќи и чуствувајќи го новиот, поздравиот изглед постепено расте и се развива до мера во која ''во здравото тело - здрав дух'' живее. Значи, за да ја добиете оваа битка, пред сè, треба да ги поништите старите програми и да ги замените со нови, поздрави. Тие програми на нашето установено однесување можеме да ги споредиме со компјутерската програма: тука се запишани обрасци на однесување кои потоа телото автоматски ги извршува. Тие настанале со честото повторување и најпосле се оформиле како установени , автоматски обрасци на однесување. Ако повеќе пати утехата поради неуспех сте ја побарале во слатките, можеби во меѓувреме се формирала цела програма која во иднина ќе ве одведе во слаткарница после секој жолчен состанок на работа или лоша оценка во училиште. Вие на знаете што е тоа што ве влече кон слатките, а сепак послушно ги внесувате. Тоа е затоа што програмата која што се создала дејствува на потсвесно ниво. За постоењето на оваа програма вие воопшто не сте свесни. Тогаш, како таа да се избрише? Па, на истиот начин на кој што се создала: со повторување. Ако добрата навика за внесување помали и почести оброци ја повторувате секојдневно во текот на неколку недели, тогаш тоа станува ваша навика - ваша нова потсвесна програма. Ако во текот на неделата редовно одите на рекреација, тогаш тоа станува нова навика - нова потсвесна програма. А, телото работи според програмите - да бидеме духовити - како на пример машината за перење алишта. Ако место програмата, да речеме, за ладно перње ја вклучиме програмата за вриење - резултатот ќе биде темелно испран веш. Ако место редовното претерување во исхраната и недостатокот од физичко вежбање ја вклучиме програмата за умерено внесување на калории со редовно вежбање - резултатот ќе биде идеална тежина и добра физичка кондиција.



За жал, старите програми често се тврдокорни, бидејќи премногу долго биле активни. За да се ослободите од нив и да ги замените со нови послужете се со автосугестија. Замислувајте се себеси со нова тежина, во нова гардероба. И одете понатаму: храбро купете некој дел од гардеробата кој е два или три броја помал од потребниот. Ставете го во гардероберот и посматрајте го често, замислувајќи се како го носите. Тоа ќе ви даде силна поддршка, некаде на подсвесно ниво, за да истраете во новите навики. Во размислувањето бидете потполно слободни: можете место гардеробата да замислувате средба со својата симпатија која сега ви е недостапна поради вишокот на килограмите или моментот кога летово за прв пат ќе се прошетате по плажа, пред восхитените погледи на капачите, облечени во својот нов „имиџ“ на витка и здрава личност. Тоа замислување е токму она што помага старите програми лесно да се избришат и да им го отстапат местото на новите... Тоа е она што го нарекуваме психолошка поддршка на диетата и она што е исто толку значајно колку и намалувањето на внесувањето на калориите и физичкото вежбање ако не и поважно - поважно затоа што е предуслов за сите ваши конкретни акции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби