Радио Слободна Европа - Прага

Хашим Тачи - најдобар кандидат за претседател или повод за нови протести

Последната недела од февруари е решавачка за изборот на нов претседател на државата. Така барем вели претседателот на Собранието на Косово, Кадри Вејсели.

Изборот на претседател е дополнителна обврска за Собранието на Косово и тоа во време на политичка криза, т.е. на повеќемесечна опструкција на обединетата опозиција во Собранието.



Опозицијата кон крајот на годината со солзавец го спречуваше нормалното функционирање на Собранието, пред се поради бриселскиот договор за основање на Заедницата на српски општини и за спогодбата демаркација на границата на Косово со Црна Гора, а сега се противи на изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово и од Владата бара оставка и предвремени избори, откако Уставниот суд потврди дека некои делови од Бриселскиот договор за Заедницата се неуставни.

На актуелната претседателка на Косово, Атифета Јахјага, петгодишниот мандат и истекува на 7 април 2016 година, а според Уставот на Косово, избор на нов претседател мора да се изврши најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Претседателот на Косово го избира Собранието со тајно гласање, со двотретинско мнозинство на гласови на сите пратеници на Собранието. Потребни се најмалку двајца кандидати за избор на претседател, додека пратениците гласаат само за еден. За сега, единствен кандидат за претседател е Хашим Тачи, претседател на владејачката Демократска партија на Косово, врз основа на коалицискиот договор на владејачките партии, Демократскиот сојуз на Косово и Демократската партија на Косово од 2014 година.

Еден од потпретседателите на Демократската партија на Тачи, Енвер Хоџај, рече дека седницата за избор на претседател на државата зависи од претседателството на Собранието или од самиот премиер на Косово кој може да предложи таква седница.

- Од политички агол, коалициските партнери се согласни околу тоа дека бројот на гласови постои, така што изборот на претседател е еден незапирлив процес. Дали тоа ќе биде оваа или идната недела, зависи од претседателството, рече Хоџај.

- Господин Тачи ќе биде претседател, тоа не неоспорно. Ќе биде изберан во рамки на Уставот на Косово. Тој е и човек кој доби најмногу гласови на Косово, а покрај тоа, тој има меѓународно искуство во многу важни процеси во врска со Косово, како што се Рамбује, виенските преговори кои доведоа до прогласување на независноста, но и други процеси. Тој е најдостоен во косовската политика, да биде претседател на земјата, смета Хоџај.

За опозицијата, Хашим Тачи е лице кое предизвикало многу кризи и поларизации во земјата. Поради тоа, опозицијата за следните денови најавува деноноќни протести и порачува дека „максимално ќе се потруди да го оневозможи изборот на Тачи за претседател‟.

- Максимално ќе се ангажираме внатре и надвор од Собранието со методи кои до сега ги применувавме, но и со други креативни методи за легитимни протести преку кои ќе го канализираме општото противење во општеството против окупаторската власт на Тачи, се наведува во писмен одговор на движењето Самоопределување.

Засега, претседателството на Собранието се уште не закажало седница за избор на претседател, иако и претседавачот на оваа институција Кадри Вејсели рече дека нов претседател ќе се бира во текот на февруари. Потписи од 40 пратеници можат да доведат до една таква вонредна седница.

Како што Вејсели претходно наведе, изборот на претседател ќе се врши во рамки на Уставот и законите, а пред самиот избор, на конференција за медиумите ќе се соопшти целиот овој процес.

- Тоа ќе биде уставен процес, транспарентен и ќе биде сеопфатен. Пристап на тоа ќе имаат медиумите, НВО, експертите, како што доликува на една демократска држава, рече Вејсели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...