Deutsche Welle

На Идомени врие!

На Грците во Идомени им пречи присуството на големиот број бегалци кои го пореметија нивниот идиличен и мирен живот. Многумина го сметаат за неприфатливо однесувањето на бројните странски волонтери.



„Жетвата можам да ја заборавам“, се жали Адамантиос Хараламбакис (на насловната фотографија). Неговите полиња се изгазени и полни со смет. Младиот земјоделец е еден од стотиците жители на пограничното место Идомени. Бесен е поради условите кои владеат таму од летото 2015 година. Големиот прилив на бегалци целосно го поремети животот во тоа место. Порано ќерката на Адамантиос си играла на улицата, но веќе со месеци не излегува од дворот. Досега му се украдени две кози, повеќе кокошки, 600 килограми дрва. Владата најави дека ќе им исплати компензација на земјоделците во Идомени, но тој не сака пари, само да може повторно да ја обработува земјата.

Чудно однесување

Не размислуваат сите како Хараламбакис. Има земјоделци кои своите полиња им ги издадоа на невладини организации. Има и трговци кои ја препознаа својата шанса и кои им продаваат стоки и услуги на бегалци. Постојат и кафе-барови, имбиси, кафулиња кои поради приливот на гости, мораат да вработат и нови луѓе. Повеќе од 200 невработени од околината за 700 до 800 евра месечно се вработија во невладините организации. Тие ја одржуваат чистотата во бегалскиот камп Идомени, делат храна или работат како чувари.

Сите хотели во пошироката околина, благодарение на волонтерите од странство, се полни. Рестораните и малите продавници бележат рекорден обрт. „Тоа не е малку за регион со 60 отсто невработени“, вели студентката Атина Параскевополу од гратчето Поликастро. Иако пицеријата на нејзиниот татко прави огромен профит, таа е незадоволна. Долго време им помагала на бегалците со вода, храна, обувки, но веќе не го прави тоа. Причината е однесувањето на многу бегалци, но и хуманитарците и волонтерите од странство. На мештаните им пречат „постојаните забави и слободното однесување на волонтерките“. На тоа, Параскевополу го додава и она што многумина полугласно го изговараат. Наводните странски хуманитарци ги наговараат бегалците на сомнителни акции. Тоа се случи и пред неколку недели кога околу 1.500 бегалци успеаја да влезат на македонска територија, а и минатата недела при новиот обид да се мине границата.

„Државата веќе нема контрола за тоа кој сѐ се движи тука“, лут е Костас Мемецис, заменик-градоначалник на општината Пајонија во која спаѓаат и Идомени и Поликастро. Тој нема ништо против „Лекари без граници“, но има против стотиците доброволци кои доаѓаат во нивната земја и мислат дека можат да се однесуваат како што сакаат. Тој се залага за тоа само на признати невладини организации во иднина да им се дозволува да се грижат за бегалците.

Опасна промена на расположението

Мемецис се возбудува и поради однесувањето на бегалците. Блокадата на автопатот и железницата ѝ нанесоа голема штета на земјата. „Не може луѓе кои нашле прибежиште во Грција вака да се однесуваат“. Конзервативецот Мемецис ја критикува и грчката влада. Иако неговата комуна спаѓа меѓу 17-те најсиромашни во Грција, таа мора да згрижи 35 проценти од вкупниот број бегалци во Грција. Тој стравува дека состојбата може да излезе од контрола. Мештаните се чувствуваат загрозено. Сѐ повеќе меѓу нив сакаат да се здружат и сами да организираат заштита.

Дека расположението меѓу мештаните е тензично потврдува и Михалис Церникудис. Порано овој сопственик на продавница за камини беше во претседателството на партијата Нова Демократија. Разочаран од високата политика, тој веќе со години се ангажира во општината на доброволна база, и ги организира мештаните на собранија. Вели дека кај пријателите и познаниците почувствувал опасна промена на расположението. Церникудис стравува дека акумулираната агресивност би можела да доведе до непромислени потези. Апсењата и затворските казни би можеле да доведат до спирала на насилство. Локалните медиуми пренесуваат дека повеќе од 600 луѓе се појавиле на собирот. Расположението во салата било тензично. Локалниот претставник на Сириза бил принуден да го напушти собирот. Останува да се види дали притисокот попуштил?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...