Милошевиќ се убил во Хаг

Загреб, 25 мај 2016 (МИА) - Поранешната портпаролка на Обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман тврди дека поранешниот претседател на некогашна СРЈ и на Србија, Слободан Милошевиќ сам се труел со лекот „рифампицин“, со цел да си ја влоши здравствената состојба за да биде пуштен да се брани од слобода, а потоа да побегне во Русија.

Артман во интервју за хрватскиот неделник „Експрес“ истакна дека Милошевиќ сам се труел и оти лекот „некој му го доставувал“ во ќелијата.

Земајќи го тој лек, кој се користи за лекување лепра, Милошевиќ го поништил дејството на лекот за висок крвен притисок.

- Од тоа лесно можел да умре, но тоа не му била целта, туку само сакал да си ја влоши ситуацијата. Милошевиќ знаел што зема, бидејќи од тој лек урината е со сина боја и јасно е дека тоа секако го забележал, наведе таа.

Според Артман стратегијата на Милошевиќ била да ја избегне пресудата, со цел да не биде запаметен во историјата како претседател на држава одговорен за геноцид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...