Две командни структури на НАТО во Романија прогласени за оперативни

Букурешт, 1 јули 2016 (МИА) - На скромна свеченост во романската престолнина денеска во оперативна функција беа шуштени две командни структури на НАТО - Штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“ и „Центарот за интеграција на силите на НАТО“, информира ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „Диџи 24“.

Прво беше прогласена првичната подготвеност на Штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“, што целосно функционален ќе стане во април 2018 година, и конечната подготвеност на „Центарот за интеграција на силите на НАТО“, што ќе им се приклучи на петте аналогни структури во источното крило на НАТО - во Бугарија, Полска и трите балтички држави. Тие ќе бидат раководени од Здружената команда на НАТО во Неапол.

„Командните структури на НАТО во Букурешт играат важна улога во рамки на напорите за подобрување на способноста на Алијансата успешно да одговари на актуелните и идните предизвици“,  на церемонијата изјави романскиот претседател Клаус Јоханис. 

„Тие ја олеснуваат дислокацијата на силите на Алијансата во регионот со цел колективна одбрана, осигурувајќи ја животно важната взаемна врска меѓу силите на НАТО и националните сили, вклучувајќи ги планирањето и спроведувањето на мултинационалните вежби и другите форми на заедничка подготовка“, додаде Јоханис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...