Хан во посета на Србија, поддршка на реформите и евроинтеграцијата

Белград, 10 септември 2016 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан вчера и денеска престојува во посета на Белград, во рамки на која ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ и со претставници на новиот владин состав. 

Целта на посетата е еврокомесарот да разговара за натамошните чекори на Србија на патот кон Европската унија, како и да ја изрази силната поддршка на ЕУ за реформската програма и процесот на европските интеграции на Србија, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.



Хан додаде дека во рамки на пристапниот процес претставниците на ЕУ ќе се фокусираат на работа со српските власти на важни теми како јакнење на владеењето на правото, регионалната соработка и процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

- Сакаме да понудиме техничка и финансиска поддршка за да продолжи фискалната консолидација, да се поттикне економскиот раст и да се обезбедат подобри можности за компаниите, особено за младите претприемачи и за младите воопшто, рече Хан.

Тој денеска ќе се состане со Вучиќ и ќе се обрати до членовите на Владата на Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...