Закана за поставен експлозив на пруга во северно Косово

Приштина, 14 јануари 2017 (МИА) - Специјални тимови на косовската полиција попладнево вршат проверка на пругата, по која денеска требаше да мине возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица.

Тоа е првиот воз што се упати на релација од Белград кон Косовска Миторвица по 1999 година.

Како што јави српската државна телевизија РТС, провеката на пругата започнала откако беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат експлозив на пруга, со најава дека тој е наменет за возот Белград - Косовска Митровица.

Специјалците на косовската полиција спроведуваат проверка на пругата од границата со Србија до Косовска Миторвица, која е во должина од околу 40 километри.

Видео снимката е објавена на Фејсбук страницата „Една нација“, но од неа не може да се утврди на кое место е поставен експлозивот и дали воопшто станува збор за посочената пруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...