ЕУ апелира до Белград и Приштина да покажат воздржаност и разум

Брисел, 15 јануари 2017 (МИА) - Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини доцна синоќа ги повика Србија и Косово да манифестираат целосна воздржаност и разум, по најновото зголемување на тензиите предизвикани по вчерашното неуспешно патување на првиот воз од Белград до Косовска Митровица по цели 18 години.

Портпаролот на Могерини, Маја Коцијанчиќ, нагласи дека ЕУ внимателно го следи развојот на односите меѓу Белград и Приштина во последниве неколку дена, а особено вчерашните случувања со возот.

- ЕУ е во постојан контакт со двете страни по повод вчерашните случувања. Вискоката претставничка веќе разговараше со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави Коцијанчиќ за Танјуг.

Таа ги повика Белград и Приштина „да се вратат на дијалогот“, кој според неа, покажал „опипливи, кокретни и позитивни резултати“, како за граѓаните, така и во напредокот кон нормализација на односите меѓу двете страни.

- Дијалогот е единствен начин за решавање на отворените прашање од заеднички интерес, потенцира Коцијанчиќ.

Вчера, воз, украсен со христијански и српски национални симболи, прв пат по 1999 година се упати на релација од Белград кон Косовска Миторвица, но по неколкучасовно чекање на станицата во Рашка, се врати во српскиот главен град, неуспевајќи да влезе на косовска територија.

Одлуката за враќање на возот, српските власти ја образложија со „безбедносни причини“.

Властите во Приштина остро го осудија поаѓањето на возот од Белград, оценувајќи го ваквиот потег како отворена провокација, а претседателот на Косово, Хашим Тачи дури јавно повика да не му се дозволи влез на косовска територија.

Српскиот премиер Вучиќ од своја страна синоќа ги обвини властите во Приштина дека „подготвуваат воени игри“ и дека планирале „да го запрат возот и да започнат големи судири“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...