Грција очекува до недела да има исчекор во преговорите со кредиторите

Атина, 28 април 2017 (МИА) - Грција очекува до крајот на оваа недела да се постигне исчекор во преговорите со нејзините кредитори, со што ќе се овозможи доделувањето на следната транша од кредитите за земјата, јавија грчките медиуми.
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Џанакопулос, за грчката државна телевизија оцени дека е можен исчекор до крајот на неделата, а според него останува да се постигне согласност единствено по серија технички детали, пренесоа американските медиуми.
- Одлучивме да отвориме седум-осум теми и останаа само неколку од нив, што во целина е можно како преговарачки теми да се завршат до недела и да се постигне спогодба, изјави овој владин извор, цитиран од грчкиот весник Њуз.ин, по завршувањето на средбата на ресорните министри со шефот на меѓународните кредитни институции.
Џанакопулос додаде дека на средбата биле разгледувани прашања поврзани со приватизацијата, финансиите и работното законодавство.
Според него, денеска се очекува двете страни да разгледаат четири работни текста, така што до крајот на неделата би требало да заврши договарањето на мерките, што кредиторите ги бараат, а кои се услов за доделување на следната транша од кредитите за Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...