Врховниот суд на Хрватска ја укина пресудата за екстрадиција на Исмаил Морина на Србија, но тој останува во притвор

Загреб, 11 август 2017 (МИА) - Врховниот суд на Хрватска ја укина првостепената одлука на судот во Дубровник со која беше одобрено екстрадирање во Србија на албанскиот државјанин Исмаил Морина, кој на натпреварот на репрезентациите на Србија и Албанија во Белград летал дрон со знамето на „Голема Албанија“, и нареди повторно одлучување по предметот.
Според оваа одлука на судот, Морина останува во притвор, до новата одлука за молбата на Србија за негово екстрадирање.
Во соопштението на Врховниот суд на Хрватска се прецизира дека оваа одлука е донесена на вчерашната седница, одржана по повод жалбата на адвокатот на Морина, но дека одлуката е укината по службена должност заради битни повреди на одредбите од хрватскиот Закон за кривична постапка.
Врховниот суд на Хрватска смета дека не е јасно за кое дело било одобрено екстрадирањето во Србија, односно дека заради оваа неразбирливост не може да се испита исполнетоста на низа услови за екстрадиција.
Општинскиот суд во Дубровник, каде Морина се наоѓа во притвор од апсењето по потерницата од Србија, му е наложено од страна на Врховниот суд да ги отстрани сите процесни недостатоци и да донесе нова одлука.
Жалбата на адвокатот на Морина не била разгледана, бидејќи одлуката била укината по службена должност.
Србија го бара предавањето на Морина заради кривично дело предизвикување верска, расна и национална омраза.
Против него е во тек истрага и во Вишото обвинителство во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...