Тачи: Годинава ќе постигнеме историски договор со Србија

Косово очекува во текот на оваа година да ги реши значајните прашања со Србија преку постигнување на историски договор, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи.

- Договорот меѓу Косово и Србија кој верувам ќе биде постигнат во 2018 година, ќе биде историски и сеопфатен и ќе резултира со членство на Косово во ОН, смета Тачи.
Во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува Танјуг, Тачи наведува дека дооворот меѓу Косово и Србија треба да доведе до целосна нормализација на односите, иако можеби двете страни нема да се признаат меѓусебно како независни држави.

Осврнувајќи се на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, Тачи нагласува дека неговото формирање претставувало „историска неправда“, но дека Приштина се согласила да го создаде „заради зачувување на стратешкото партнерство со САД, ЕУ и НАТО“.
Запрашан што би сторил доколку биде повикан пред Судот како сведок или обвинет, Тачи во интервјуто вели дека ниту тој како претседател, ниту кој било граѓанин на Косово нема причини да се плаши.

- Ние никогаш не ги прекршивме косовските, ниту меѓународните закони. Се боревме против диктатор и човек кој изврши геноцид, нагласи Тачи, мислејќи на поранешниот југословенски и српски претседател Слобидан Милошевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...