Каменос соочен со опасноста да остане без пратеничка група

Независни Грци и Панос Каменос можно е да останат без пратеничка група, доколку Танасис Папахристопулос замине од партијата. Со тоа, нивната пратеничка група би броела пет пратеници, што исполнува еден од условите на Деловникот за работа на Парламентот – да има најмалку пет пратеници, но не го исполнува и условот – сите да бидат избрани од иста партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од пратеничката група на Независни Грци е и пратеникот Аристидис Фокас кој на последните избори беше избран од партијата Сојуз на централисти.

За случувањата во Независни Грци, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, побара став од Научниот совет на грчкиот Парламент, кој вчера излезе со мислење дека за формирање пратеничка група потребно е да се исполнат условите: пратениците да бидат избрани од партијата која ја формира пратеничката група, и понатаму да се членови на истата партија, партијата да има учество на изборите и да има освоено најмалку три отсто од гласовите.

Мислењето на научниот совет утрово е тема на состанокот на претседателот на грчкиот Парламент со неговите заменици.

Танасис Папахристопулос , пратеникот од Независни Грци, е шестиот член на пратеничката група на Независни Грци, меѓутоа според неговите изјави и според изјавите на Панос Каменос, прашање на време е неговото заминување.

По минатонеделната средба со Вуцис, Папахристопулос, кој гласаше за Договорот од Преспа и денес ќе гласа за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, рече дека оставка ќе си даде откако ќе биде ратификуван Протоколот.

Независни Грци вчера едногласно побарале од Папахристопулос, до почетокот на денешната расправа во Парламентот, тој да го отстапи пратеничкото место, меѓутоа одговорот на пратеникот бил негативен.

Каменос истакна доколку навистина не го стори тоа, тогаш лично тој ќе го избрише Папахристопулос од пратеничката група на Независни Грци.

Како што анализираше МИА во саботата, по евентуално бришење или заминување на Папахристопулос, пратеничкото место ќе му припадне на Тернес Куик, актуелниот заменик министер за надворешни работи на Грција, кој иако беше член на Независни Грци, во изминатиот период се дистанцираше од партијата на Каменос и ѝ изрази поддршка на Владата. Со тоа, очекувањата се дека Куик ќе стане независен пратеник и ќе си замине од пратеничката група на Независни Грци, која ќе остане со само пет членови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...