Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно

Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија.



Радев, како што пренесуваат бугарските медиуми, кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото.

-Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии, вели Радев.

Според него, ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи.– Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите, истакнал Радев.

Румен Радев најавил дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...