Уапсени две лица во Косово осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Специјални единици на косовската полиција изведоа утрово обемна акција во северниот дел од земјата, при што уапсија две лица од српска националност кои се сомничат дека се поврзани со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ во јануари минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од косовската полиција изјавија за медиумите дека еден од уапсените е Раде Басара, полициски истражител од северно Косово. Тој раководел со истрагата за убиството на Ивановиќ и се сомничи за прикривање докази.

Уште едно, засега неидентификувано лице, е уапсено поради поседување оражје и муниција, додека по трето лице и натаму се трага. Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави за медиумите дека станува збор за шефот на оперативата на полицијата во Северна Митровица, Жељко Бојиќ.

Во полициската акција, која почна утрово во 5 часот, учествуваа над 100 припадници на специјалните единици.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...