Тепиќ: Вучиќ е организатор на изборната кражба, ЕУ мора да сфати во каква Србија живееме

Една од носителите на листата „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад, денеска изјави дека не очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ да има емпатија кон неа или грижа на совеста, бидејќи, како што вели, тој е организатор на злоупотребата и кражбата на изборите.

- Но, очекувам меѓународните партнери да сфатат во каква Србија живееме, дека изборите се украдени, дека тие не се признаваат На сите нивоа на Европската унија – од парламентот до пратениците во ЕП, тука е и Советот на Европа, ОДИХР, сите изразија став дека не ги прифаќаат изборите, рече Тепиќ во интервју за Нова.рс.

На прашањето каков е идниот план на опозицијата, таа рече дека тече рокот од 72 часа за да се изјаснат изборните комисии за приговорите, кој истекува в сабота во 20 часот.

- По истекот на рокот в сабота, ќе продолжиме со активностите, но во овој момент не сакам да зборувам за тоа. По истекот на рокот за приговор, ќе ги информираме граѓаните за следните чекори, рече Тепиќ.

Таа изјави дека се уште се чувствува добро и покрај штрајкот со глад, велејќи дека тоа е форма на борба против очигледната кражба на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...