Решавањето на спорот за името еден од приоритетите на Папандреу

Атина, 16 октомври (МИА) – Кипарското прашање, решавањето на спорот за името со Македонија и односите со Туција, ќе бидат приоритети во надворешната политика на новата Влада на Грција, најави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, претставувајќи ја денеска во Парламентот владината програма.

Осврнувајќи се на релациите со Македонија, тој истакна дека „доброседските односи се клуч и услов за забрзување на евроинтеграцијата на земјата“.

- Владата на Грција е посветена на решавање на спорот за името преку изнаоѓање заедничко прифатливо решение, што ќе важи за сите. Дојде времето кога Владата на ПЈРМ треба да ги покаже во пракса своите конструктивни намери, рече Папандреу.

Врвен приоритет во надворешната политика, како што посочи грчкиот премиер и шеф на дипломатијата, ќе биде кипарското прашање.

За Турција, Папандреу повтори дека го поддржува нејзиното приклучување во ЕУ, но оти Анкара мора да ги исполни поставените критериуми, да го почитува меѓунардоното право, принципот на добрососедски односи и да работи на решавање на кипраскиот проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...