Србија лобира проеив укинувањето на визите за БиХ и Албанија

Сараево, 9 ноември (МИА) -  Србија лобира во Европската унија против укинувањето на визниот режим за Босна и Херцеговина и Албанија, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Весникот нагласува дека белградскиот дипломат Бранислав Пекиќ, кој е министер советник во Амбасадата на Србија во Хаг, им испраќал на членовите на Парламентот на ЕУ мејлови во кои се противи на додавањето на БиХ и Албанија кон групата земји - Македонија, Србија и Црна Гора, на кои Унијата веќе им го одобри укинувањето на визите.

Овој дипломатски скандал за Србија, додава весникот, излегол на виделина во најлошиот можен момент за српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во текот на неговото излагање во ЕП пред два дена.

- Како што ни е потврдено од Брисел, на Јеремиќ оваа подла игра буквално во лице му ја разоткрила Сара Ладфорд, членка на ЕП од Велика Британија. Таа српското МНР го обвини дека Србија не го поддржува укинувањето на визниот режим за БиХ и Албанија и оти лобира против тоа, пишува „„Дневни аваз“. 

Во моментот кога Јеремиќ се обидел да демантира, Ладфорд, додава весникот, извадила текст од е-маилот, кој српскиот дипломат Пекиќ уште на 5 октомври го добила холандската парламентарка Софија Инт Велд, во кој тој од неа бара да се состанат и изразува загриженост поради настојувањата визите да бидат укинати и во БиХ.

- Загрижен сум и сакам да ве известам за тоа. Според информациите, кои се достапни во извештајот на Фајон, за укинувањето на визите, вклучен е и предлог да се олесни одлуката за Бих и Албанија. Но ние се плашиме дека тоа би можело да го успори укинувањето на визите за Србија, Македонија и Црна Гора, ако се направи обид да се промени таа одлука, напишал Пекиќ во мејлот, кој го објавува „Дневни аваз“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...