Нема услови за учество на косовските Срби на изборите на Косово

Белград, 12 ноември (МИА) - Нема услови за учество на косовските Срби во локалните избори на 15 ноември во Косово, изјави српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ.

- Излегувајќи на избори, Србите нема да добијат ништо, изјави тој во емисија на српската државна телевизија. - Српската Влада следи одговорна и долгорочна политика насочена кон подобрување на економската состојба на српската заедница на Косово и враќање на оние кои беа принудени да го напуштат Косово во 1999 година,изјави српскиот министер.

Тој нагласи дека Белград избегнува акции кои можат дополнително да ја усложнат и без тоа тешката состојба на српските општини.

Изјавата на Богдановиќ може да се оцени како одговор на критиките кон политиката на Белград од некои лидери на косовските Срби, анализираат западни медиуми. Претседателот на Српскиот национален совет на Северно Косово, Милан Ивановиќ ги обвини вчера српските власти дека „недоволно убедливо ги повикуваат Србите на бојкот“ на локалните избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...