Во Хрватска од грипот А досега починале 11 лица

Загреб, 25 ноември (МИА) - Како последица на инфицираност со вирусот H1N1 на новиот грип од типот А, во Хрватска досега починаа 11 лица, соопшти денеска хрватското Министерство за здравство.

Во соопштението се посочува дека само минатата недела се регистрирани 13.960 нови заболени од грипот А, со што вкупниот број на болни од појавата на вирусот во земјата се зголемил на 25.576.

Од вкупниот број заболени речиси 25.000 го прележале грипот без компликации, се наведува во соопштението.

За во петок е најавен стартот на вакцинацијата против вирусот на грипот А во Хрватска, при што прво ќе бидат вакцинирани ризичните групи на лица, а потоа и сите останати граѓани кои го сакаат тоа.

Вакцината против вирусот H1N1 во Хрватска ќе биде бесплатна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...