Ситуацијата во БиХ е вознемирувачка

Бања Лука, 6 април (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина и специјален претставник на Европската унија, Валентин Инцко нагласи денеска во Сараево во разговорот со министерот за надворешни работи на Шпанија Мигел Анхел Моратинос и американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг, дека ситуацијата во БиХ е вознемирувачка и дека изборите во октомври претставуваат можност за промена на овој тренд.

Моратинос и Стајнберг изразија надеж дека предизборната кампања ќе биде насочена кон создавање подобри услови за живот на сите граѓани, како и на конкретни мерки, со кои би се обезбедило што е можно поскоро земјата да тргне по патот кон членство во ЕУ и НАТО, соопшти канцеларијата на Инцко.

- Овие конкретни мерки се однесуваат на економијата и воопшто на реформите, кои ќе ја претворат БиХ во веродостоен кандидат за членство во ЕУ, изјави Инцко, додавајќи дека политичките лидери треба да се воздржуваат од вештачко создавање на тензии.

Во врска со повиците за мирно раздружување на БиХ, Моратинос и Стајнберг се согласија со Инцко дека Дејтонскиот договор не нуди таква можност.

- Овие тврдења се неприфатливи и со нив мора да се престане, рече Инцко, нагласувајќи дека БиХ може да стане членка на ЕУ и НАТО единствено како држава и оти не постои друга опција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...