Во Сараево средбата ЕУ-Западен Балкан

Сараево, 2 јуни 2010 (МИА) - Во Сараево денеска почнува средбата ЕУ-Западен Балкан, на која ќе учествуваат министрите за надворешни работи на земјите од регионот, високо позиционирани претставници на ЕУ и земјите-членки на Унијата, како и на САД, Русија и Турција, соопштија агенциите.

На конференцијата, свикана на иницијатива на Шпанија, во својство на претседател на Европската унија, се очекуваат 48 делегации, 29 министри и генерални секретари на институции и организации во ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека очекува средбата да испрати јасен сигнал дека европската интеграција на Западен Балкан нема да биде запрена.

Денешниот настан се очекува да го компензира неуспехот на претходната средба на високо ниво ЕУ-Западен Балкан, која беше бојкотирана од српскиот претседател Борис Тадиќ.

За да ја убеди Србија да учествува на собирот, ЕУ предложи средбата да биде организирана во согласност со таканаречениот „протокол Гимни“, односно учесниците да бидат претставувани само според името и презимето, без официјално да се споменуваат нивните земји.

Официјалната политика на Белград е да не присуствува на настани на кои Косово е претставено на државно ниво, бидејќи Србија не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.

ЕУ во Сараево ќе биде претставена на највисоко ниво од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...