Балканските земји стравуваат за нивната европска иднина

Париз, 2 јуни 2010 (МИА) - Земјите од Западен Балкан стравуваат за нивната европска иднина, пишува денешното издание на париски „Ле Монд“ во статијата посветена на самитот од Сараево. Весникот смета дека самитот, кој се случува десет години по тој во Загреб има за цел да го потврди принципот дека сите земји од регионот ќе бидат интегрирани во ЕУ, но без притоа да биде утврден рок за нивната интеграција.

„По грчката криза, на континентот ’дува лош ветер’. Додека владите се повеќе најавуваат мерки на буџетско штедење, никој повеќе не дава оптимистички изјави за новиот процес на проширување на ЕУ“, вака „Ле Монд“ го опишува контекстот во кој се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан.

Оваа иницијатива на шпанското претседателство со ЕУ, според весникот била пречекана со скептицизам од некои земји членки на ЕУ. „Ле Монд“ посебно се задржува на повеќенеделните тешки подготовки со цел на иста маса да седнат претставниците на Србија и Косово. Не случајно во  Сараево е постигнат компромис – самитот да наликува повеќе на една обична неформална средба на министрите за надворешни работи, без заедничка официјална фотографија, без национални знамиња, без имиња на земјите учеснички, без заедничка декларација.

На дневниот ред во Сараево, според „Ле Монд“, како што јавува дописникот на МИА од Париз, можно е да се најде и „конфликтот меѓу Атина и Скопје во врска со името на Македонија.“ Од 1991 година, Грција го блокира меѓународното признавање на својот сосед, сметајќи дека името Македонија припаѓа на нејзиното културно и историско наследство. Македонија, како што потсетува „Ле Монд“, е блокирана од овој конфликт во нејзиниот процес на европска интеграција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...