Радикалните исламисти креваат глава

Неколку најнови инциденти на радикалните исламисти, кои се случија во балканските земји, предизвикаа загриженост дека екстремистите креваат глава во регионов, кој и така се смета за нестабилен. Посебна загриженост предизвика еден музички спот кој се појави на „ЈуТјуб“ во кој се величи Осама бин Ладен.

Во него, на албански јазик се зборува дека лидерот на Ал Каеда е херој кој ги победил Американците на 11 септември 2001 година, дека ја возвишил гордоста на муслиманите. „Сите ние се молиме на (Бога) за тебе“, се вели во таа видео снимка чиј автор е непознат.

„Ова откритие укажува на трендот на Балканот, кој е загрижувачки на Балканот, кој ја вклучува и членката на ЕУ Бугарија, дека може да стане засолниште на терористи кои имаат лесен пристап до западна Европа“, истакнува агенцијата АП во анализата за најновите инциденти на исламските екстремисти во регионот.

Огромно мнозинство муслимани во Македонија имаат умерени ставови. Но, во Македонската исламска заедница предупредуваат дека вахабите контролираат пет џамии, дека еден од нив, Рамадан Рамадани, поради тоа е суспендиран.

Меѓутоа, тој ги демантира обвиненијата и тврди дека некој намерно на тој начин сака да го „заплашува народот“.

„Вахабизмот во Македонија, на Балканот и во Европа стана многу поагресивен во последните десет години. За разлика од порано, тој сега постојано е присутен во Македонија“, изјави за агенцијата Јакуб Селимовски, еден од функционерите на таа заедница.

Сега првпат на просторот на поранешна Југославија официјално се говори за радикалниот ислам, тврди тој.

Во анализата се истакнува дека радикалните исламисти не ја заобиколиле ниту Бугарија која е нова членка на Унијата.

Неофицијално се говори за создавање на „фундаменталистички триаголник: Босна, Македонија и Бугарија (западни Родопи)“. Владата во Софија беше принудена да затвори неколку исламски центри, кои се финансираат од Саудиска Арабија и кои според тврдењата, имале врска со Муслиманските браќа од Египет.

Официјално е објаснето дека тоа е направено за да се спречи „создавање на база на терористи во Бугарија“, наведува АП.

Во текот на војната во почетокот на 90-тите години во Босна останаа многу муџахедини кои стигнаа од муслиманските земји, за да помогнат на „браќата“ Босанци.

Тоа и денес предизвикува загриженост и остри полемики: Србите укажуваат дека тие сеуште се активни, додека муслиманите се обидуваат да го минимизираат тој проблем. „Влијанието на вахабите во Босна беше најголемо во 2000 година. Но потоа почна да се намалува и продолжува да се намалува“, агенцијата го цитира Ахмет Алибашиќ, предавач на Факултетот за исламски студии во Сараево. Вахабите денес се присутни и во Албанија, откако последните години илјадници момчиња се школуваат на Блискиот исток, вклучувајќи ја Саудиска Арабија.

„Тие се умерени и не прават проблеми во земјата“, тврди Иљир Кула, поранешен директор на Одделението за верски прашања.

Во анализата исто така се укажува дека вахабите креваат глава и во Србија, во Санџак.

Се потсетува на апсењето на 12 екстремисти во Нови Пазар, кои се осудени на повеќегодишна казна затвор, бидејќи планирале терористички напади вклучувајќи ја и „американската амбасада во Белград“.

Постојат сомнежи дека тие одржувале врска со муџахедините кои во почетокот на 90-тите стигнале во Босна.

Танјуг - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...