Мислев дека вредем повеќе

Софија, 9 ноември 2010 (МИА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов потврди дека безбедносните служби пресретнале телефонски разговор за негова физичка ликвидација, нагласувајќи дека 400.000 евра се малку за негово убиство.

- Мислам дека тоа се малку пари. За жал, во Србија постои таков преседан, така што едноставно треба да се биде претпазлив, изјави Борисов.

Според него, луѓето кои заговараат такви планови имаат свои лични мотиви, погодени се нивните лични финансиски интереси.

- Тоа се многу интереси, станува збор за милијарди, што не само што ги запревме, туку веќе сме на пат да ги процесираме овие луѓе, нагласи бугарскиот премиер.

Бугарските безбедносни служби пред десетина дена пресретнаа телефонски разговори на „тројца значајни личности“ кои за убиство на премиерот Борисов нуделе сума од 400.000 евра.

Софискиот весник „Стандар“ денеска објави дека е дојдено до сознанија за нарачателот, кој е познат во подземниот свет дека разговарал со криминални групи за подготовка на атентат на Борисов.

Висок функционер во бугарската служба за весникот „Стандард“ изјави дека според досегашните информации телефонскиот разговор е остварен во Бугарија и дека СИМ картичката веднаш по разговорот е фрлена.

- Човекот, од кој доаѓа заканата се занимава и со рекет, проституција и наркотици, нагласи тој.

Во Бугарија моментално се врши проверка на пет сериозни сигнали за атентат на премиерот Бојко Борисов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...