Кој сака Асанж да остане во затвор?

Лондон, 16 декември 2010 (МИА) - Решението Џулијан Асанж да остане и понатаму во затвор, и покрај одлуката за ослободување со кауција на општинскиот суд Вестминстер, е донесено од британското обвинителство, а не од шведските правосудни власти, како што тоа го објаснија лондонските адвокати на основачот на „Викиликс“.

Пред Вишиот суд во Лондон, според тоа, денеска ќе се појави британското обвинителство со жалба на одлуката на општинскиот суд за пуштање на Асанж од притворот со кауција од вкупно 240 илјади фунти, со барање таа да се промени, јави дописникот на МИА од Лондон.

Претставник на обвинителството во Стокхолм објасни за лондонските медиуми дека тие немале добар увид во решението за ослободување со кауција за да можат веднаш да реагираат.

По продолжувањето на притворот за Асанж неговите адвокати соопштија дека е одложено ослободувањето затоа што шведските власти поднеле жалба, за која ќе мора да се одлучи во рок од 48 часови. Шведското обвинителство го отфрли таквото тврдење, објаснувајќи дека тие немаат никаква јурисдикција на британската територија, па дека сите решенија што се носат во овој случај се донесени од обвинителството во Лондон, кое само ги застапува шведските власти во случајот против основачот на „Викиликс“.

Во изјавата претставникот на шведското обвинителство уште вели дека од кај нив нема да бидат испратени никакви дополнителни докази за претресот по жалбата пред Вишиот суд, туку дека целата таа работа им се препушта на Британците.

Лондонските медиуми тврдат дека британското обвинителство на денешната расправа пред Вишиот суд ќе бара Асанж сепак да остане во затвор до завршувањето на процесот околу неговата екстрадиција во Шведска, а тој по правило трае по неколку месеци. Каква и да биде одлуката на Вишиот суд, таа нема да значи прекинување на процесот покренат од шведското обвинителство според кое Асанж треба да одговара по обвинувањата на две Швеѓанки за сексуално насилство и силување, за што тој беше уапсен и се бара да биде префрлен во Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...